Белгискиот напаѓач од екипата на Наполи, Дрис Мертенс, може да остане во сегашниот клуб, тврдат некои италијански извори.
Според информациите, Мертенс побарал да добие поголем бонус за продолжување на договорот на две години. Договорениот договор со Наполитанците истекува ова лето, па тој може без отштета да замине во друг клуб.
Претходно беше објавено дека многу европски клубови се заинтересирани за услугите на Белгиецот, вклучувајќи ги Челзи, Ливерпул, Јувентус, Монако, Њукасл и Интер.