Бојан Трајковски и Бобан Стајиќ кои минатата сезона ја минаа заедно во екипата на Кожув, од денеска се нови кошаркари на битолски Пелистер. Тие го прифатија предизвикот да станат дел од битолскиот клуб, кој очигледно има сериозни амбиции за следната сезона. Пелистерци и минатата сезона имаа солиден состав, но не успеа да се вмешаат во борбата за ТОП 6.
Author: saso
Раководството на Фудбалската федерација на Македонија во „Куќа на фудбалот“ одржа состанок со претставници на клубовите од Прва МФЛ. На средбата присуствуваа и претставници од Институтот за јавно здравје предводени од епидемиологот д-р Жарко Караџоски. Првиот дел од состанокот беше посветен на план на мерки и процедури.PDF „CoVid-19“ за продолжување на тренажниот процес и одигрување на натпревари без присуство на публика изработен од страна на Фудбалската федерација на Македонија на барање на здравствените институции. Финалната верзија на т.н. здравствен протокол ќе претрпи незначителни промени откако претставниците на Институтот за јавно здравје се сложија со одредени предлози на клубовите за започнување на тренинзите и…
Претседателот на Германската фудбалска федерација, Фриц Келер, објави дека разговарал со извршниот директор на Баерн (M), Карл-Хајнц Румениге, да достават предлог до УЕФА за воведување максимална плата. „Во моментов, парите за трансфери и плати во фудбалот се апсурдни“, вели Келер. Според него, фудбалот треба да им се врати на луѓето, а не да стане игра на милионери.
Чуварот на мрежата на екипата на Охрид, Никола Даниловски и левиот бек Мартин Манасков и во следната сезона ќе го носат дресот на овој клуб. Како што објавија од РК Охрид, со двајцата ракометари е постигнат договор за уште една сезона, со што екипата полека го добива костурот за новата сезона. И двајцата во Охрид дојдоа минатото лето, а со настапите оваа сезона очигледно го задоволија стручниот штаб и добија предлог договори за продолжување на соработката.
Селекторот на белгиската фудбалска репрезентација Роберто Мартинез ќе остане на оваа позиција и во наредните години. Според веб-страницата на Белгиска фудбалска асоцијација, договорот со шпанскиот стратег е продолжен до 2022 година. Мартинез ја предводи репрезентацијата на Белгија од 2016 година. Под негово водство екипата дојде до настап на СП 2018 година, каде го зазедоа третото место. Последователно, Белгијците се пласираа на Европското првенство 2020 година, завршувајќи како први во квалификациската група.
Турскиот кошаркарски клуб Дарушафака, шпански Билбао и литвански Ритас Вилнус потпишаа договор и ќе играат во Лигата на шампионите на ФИБА следната сезона. ФИБА се обидува да ја засили конкуренцијата во своето натпреварување, па за таа цел веќе испратила покани и до Цедевита Олимпија, Партизан и Будуќност. Дарушафака, Билбао и Ритас Вилнус минатата сезона играа во Евролигата и Еврокупот. „Нивното пристигнување јасно зборува за развојот на нашата конкуренција. Во исто време, ние сме среќни што сè повеќе клубови ширум Европа сакаат да ја видат својата иднина во нашето натпреварување“, изјави Патрик Комнинос, извршен директор на ФИБА Лигата на шампионите.
Ново име за кандидат за тренерското место во екипата на Милан е холандската легенда, Марк Ван Бомел. Поранешниот репрезентативец на Холандија, кој е без ангажман од декември минатата година кога се разделил со ПСВ, го испратил своето CV на „Сан Сиро“. „Ван Бомел остави добар впечаток во разговорите со челниците на Милан и е еден од кандидатите за тренерската позиција“, пренесува „Калчомеркато“. Ван Бомел го носеше дресот на Милан во периодот од јануари 2011 до јуни 2012 година.
Раководството на Фудбалската асоцијација на Велс одлучи предвремено да го прекине националниот шампионат поради пандемијата на коронавирусот. Сезоната е завршена во сите четири дивизии. Велшката асоцијација се реши прашањето околу новиот шампион и конечниот пласман на табелата да го реши со вадење на просек од освоените бодови на клубовите, според бројот на одиграни средби, затоа што клубовите до стопирањето на сезоната немаа одиграно идентичен број на мечеви. Така, за првпат во историјата екипата на Конах’с стана шампион на Велс, откако обезбеди 26 бода или просек од 2,15 бода по натпревар. Второто место го зазеде ТНС (2,00), а трет завршува тимот…
Англискиот премиерлигаш Ватфорд потврди дека три од шесте случаи на заразени со коронавирусот во Премиер лигата се од нивните редови. Од Ватфорд сами доставија соопштение дека три од случаите се регистрирани кај нив, но не сакаа да објавуваат имиња. „Фудбалскиот клуб Ватфорд потврдува дека три лица имаат позитивен резултат за коронавирусот. Позитивен резултат за коронавирус има кај еден играч и двајца вработени. Тие побараа медицинска доверливост и затоа клубот нема да ги соопштува нивните имиња. Меѓу заразените еден е фудбалер, а двајца се членови на персоналот. Англиските медиуми утрово објавија дека еден заразен има и во Барнли. Станува збор за…
Реал Мадрид и ПСЖ ќе бидат ривали за потписот на напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд. Шпанска „Марка“ пишува дека ПСЖ се приклучува во трката по Халанд за кој сериозен интерес има од Реал Мадрид. ПСЖ стравува дека може да го загуби Мбапе, кој има уште две години од актуелниот договор, но се уште не ја обновил соработката. Дополнитело се зборува за заминување на Икради и Кавани, па логично е ПСЖ да тргне по нов напаѓач. Халанд во моментов е најбраниот млад фудбалер во светот и јасно е дека за неговиот потпис ќе има голема конкуренција.
