Англискиот премиерлигаш Ватфорд потврди дека три од шесте случаи на заразени со коронавирусот во Премиер лигата се од нивните редови. Од Ватфорд сами доставија соопштение дека три од случаите се регистрирани кај нив, но не сакаа да објавуваат имиња.
„Фудбалскиот клуб Ватфорд потврдува дека три лица имаат позитивен резултат за коронавирусот. Позитивен резултат за коронавирус има кај еден играч и двајца вработени. Тие побараа медицинска доверливост и затоа клубот нема да ги соопштува нивните имиња.
Меѓу заразените еден е фудбалер, а двајца се членови на персоналот. Англиските медиуми утрово објавија дека еден заразен има и во Барнли. Станува збор за асистентот на менаџерот на тимот.