Летонецот Даинис Кристопанс, кој замина од Вардар во текот на сезоната за да се пресели во Германија, пред неговото најавено заминување во ПСЖ, во интервју за руските медиуми отворено зборуваше за Вардар како една од најважните етапи во неговата кариера. „Прво го научив шпанскиот систем на игра, за кој се зборува на големо. Тоа е вистинскиот ракомет. Ме научија да гледам на работите поинаку. Порано мислев дека веќе знам многу. Клучни беа малите работи за кои јас немав идеја, но кои беа суштината. Научив сосема поинаква перцепција за тактиката“, вели Кристопанс. За ситуацијата која го натера да си замине вели:…
Author: saso
Вчера Шпанската фудбалска федерација го одобри одигрувањето на натпревари од Ла Лига во понеделник и петок, што значи дека рестартираната шпанската лига ќе се игра 32 дена по ред. Така, секој тим ќе има најмалку 72 часа меѓу натпреварите, а овој распоред го диктираа телевизиите кои ќе можат да го емитуваат скоро секој натпревар. Шпанските клубови веќе се вратија на тренинзи. До први јуни, тие можат да тренираат во групи до 10 фудбалери, по што ќе тренираат нормално. До крајот на првенството остануваат уште 11 кола, а водечката Барселона има два бода повеќе од второпласираниот Реал. Првиот меч од продолжението…
Во Белгија фудбалското првенство беше прекинато, но финалето на Купот, сепак, ќе се игра. Бриж ќе го пречека Антверпен во финалниот меч од купот на 1 август, објави локалниот фудбалски сојуз. Натпреварот ќе се одржи пред празни трибини на стадионот „Кинг Бадуин“ во Брисел. Одлуката беше објавена откако двата клуба, белгиската Про лига и Фудбалската асоцијација, се состанаа со градските власти за постигнување договори, а полицијата и безбедносните служби дадоа зелено светло. Финалето првично беше закажано за 22 март, но беше откажано поради пандемијата со КОВИД-19.
Холандското Гран При за оваа година е откажано поради глобалната пандемија на коронавирусот. Трката, која требаше да се врати во календарот во Формула 1 за првпат по 1985 година, требаше да се одржи на 3 мај, но првично беше одложена. „Бевме целосно подготвени за оваа трка и сè уште сме“, рече спортскиот директор на Гранд При, Јан Ламерс. „Бараме сите да бидат трпеливи. Моравме да го очекуваме тоа 35 години, за да можеме да почекам уште една година“.
Прославениот хрватски ракометар Блаженко Лацковиќ, кој од 2014 до 2016 година го носеше и дресот на Вардар, ја заврши кариерата како ракометен професионалец по 22 години поминати на паркетот. Поранешната sвезда на Кил, сепак, нема да се откаже од ракометот, затоа што својата кариера ќе ја продолжи како тренер. Лацковиќ неодамна играше за ХСВ Хамбург во втората лига, и токму во овој клуб ќе почне да работии како тренер. Тој следната сезона ќе биде помошник во тимот.
Манчестер јунајтед подигна кредит во висина од 140 милиони фунти од отворената кредитната линија до април 2025 година. Кредитот за англискиот клуб доаѓа од „Банка на Америка“, а истиот веројатно е биде искористен за купување нови играчи ова лето. Солскјер и управата на тимот се решени да го вратат Јунајтед во врвот на англискиот фудбал и за тоа нема да штедат пари ова лето. Фудбалот беше силно погоден од финансиската криза предизвикана од пандемијата на коронавирус, а најновите финансиски извештаи на Јунајтед објавени на 21 мај покажаа нагло зголемување на нето-долгот на клубот на 429,1 милиони фунти.
Ливерпул се откажува од трката по потписот на Тимо Вернер, затоа што нема намера да ја плати откупната клаузула за фудбалерот на Лајпциг. Лајпциг е дециден дека не сака да преговара за сума помала од 55 милиони евра, а Ливерпул, пак, не сака да издвои повеќе од 35 милиони за Германецот. Ако Вернер реши да остане во Лајпциг и следната сезона, тој ќе има уште две години од договорот, а според него наредниот летен преоден рок откупната клаузула ќе му падне на 40 милиони евра.
Том Тибодо е фаворит да ја заземе позицијата главен тренер на тимот на Њујорк Никс. Новиот директор на клубот, Лион Роуз, бара нов тренер и се надева дека ќе го реши проблемот во следните неколку недели. Привремениот тренер Мајк Милер, кој го презеде во декември, Дејвид Фрисдејл, како и поранешниот тренер на Бруклин, Кени Андерсон, исто така ќе бидат интервјуирани за работа. Њујорк имаше скор од 21 победа и 45 зпорази при прекинот на сезоната на 11 март поради пандемијата со коронавирусот. 62-годишниот Тибодо е добро запознаен со клубот каде беше асистент во периодот 1996-2003 година.
Првите луѓе на Формула 1 шампионатот потврдија дека договориле два термина за одржување на две трки од годинешната сезона во Ф1 шампионатот на патеката Силверстоун. Доколку владата на Велика Британија дозволи ослободување од карантин за сите вработени, Силверстоун ќе биде домаќин на две трки од календарот кој годинава претрпи многу промени. Во Формула 1, ги разгледаа сите опции и заклучија дека може да организираат две трки на Силверстон на 19 и 26 јули или на 26 јули и 2 август. Сепак, поради воведувањето задолжителен двонеделен карантин по пристигнување во Велика Британија, челниците решија да ги преместат трките во август, а…
Нови четири случаи на заразени со КОВИД-19 има по последните спроведени тестови во англиската Премиер лига. Како што соопштија од лигата, уште четири лица од три екипи се позитивно тестирани за коронавирусот. Во третиот круг на тестирање беа опфатени вкупно 1008 играчи и клупски персонал. Втората фаза од проектот за враќање на Премиер лигата ќе дозволи и тренинзи во групи, но клубовите се должни да обезбедат услови за минимизирање на непотребен близок контакт. Досега 12 лица имаат позитивни тестови од вкупно 2.752 направени тестови досега во целата лига. Фудбалерите и персоналот во Премиерлигата ќе продолжат да се тестираат двапати неделно.
