Ливерпул се откажува од трката по потписот на Тимо Вернер, затоа што нема намера да ја плати откупната клаузула за фудбалерот на Лајпциг.
Лајпциг е дециден дека не сака да преговара за сума помала од 55 милиони евра, а Ливерпул, пак, не сака да издвои повеќе од 35 милиони за Германецот.
Ако Вернер реши да остане во Лајпциг и следната сезона, тој ќе има уште две години од договорот, а според него наредниот летен преоден рок откупната клаузула ќе му падне на 40 милиони евра.