Author: saso

Како што стојат работите, Арсенал и следната сезона во своите редови ќе го задржи Давид Луиз. Неговиот агент потврди дека постои голема шанса соработката со „топчиите“ да биде продолжена. Во тековната сезона, Давид Луиз беше стандарден во составот на Арсенал. Сепак, поради бројните грешки дека навивачите на „топчиите“ повеќе би сакале да видат некој друг на местото на овој 33-годишен фудбалер. Неговиот договор истекува на крајот на сезоната, а постои и клаузула според која може да се продолжи за уште една година.

Read More

Американецит Мајк Џејмс потпиша нов тригодишен договор со ЦСКА Москва, објави рускиот клуб. Американецот кој дојде во ЦСКА минатото лето, реши да ја продолжи верноста со клубот со кој има намера да дојде до европската круна. „Среќен сум што се вратив во Москва и успеавме да се договориме за продолжение на нашето партнерство за уште три години. Се надевам дека заедно ќе ги исполниме плановите“, изјави Американецот по потпишувањето на новата соработка.

Read More

Екипата на Приморска доби ултиматум од АБА лигата да ги среди долговите доколку сака и следната сезона да биде дел од региоанлното елитно натпреварување. Клубот е во долгови и доколку не ги подобри своите финансии ќе биде елиминирана од елитното кошаркарско натпреварување. АБА со ова му даде надеж на МЗТ Скопје дека ќе дојде на местото на Приморска доколку раководството на лигата се реши да го суспендира овој клуб. Клубот од Словенија има рок до 1 јули да ја среди својата финасиска состојба, во спротивно нема да настапуваат во АБА лигата следната сезона. Од нашиот шампион потврдија за контакти со…

Read More

Претседателот на Јувентус, Андреа Ањели, предложи одигрување на натпревари од италијанското првенство со присуство на гледачи. Предлогот на шефот на клубот од Торино е првично за се пополнат стадионите, но не повеќе од 10 проценти од вкупниот број на места. Постепено, оваа бројка се планира да се крене до 25 проценти, но со почитување на правилата за социјална дистанца. Италијанците најавија дека на 13 јуни се планира продолжување на натпреварите од Купот на Италија, а од 20 јуни веќе и натпреварите во Серија А.

Read More

Сопственикот на Лил, Жерар Лопез откри дека на неговото биро веќе стигнале „повеќекратни понуди“ за нигериската ѕвезда, Виктор Осимен. Лил веќе има добиено понуди, но ниту една не е со бараната сума од близу 72 милиони фунти кои Арсенал ги плати за Николас Пепе минатото лето. Жерар вели дека цената на Осимен е идентична, ако не и поголема за Нигериецот, но засега ниту една таква не пристигнала до него. 21-годишниот Осимен е една од најголемите ѕвезди на француската Лига 1 оваа сезона со 8 гола во неговата деби сезона во француската елита. Тој во Франција дојде од Белгија, каде го…

Read More

Францускиот репрезентативец од Манчестер Јунајтед, Пол Погба, е подготвен да се пресели во ПСЖ, тврди францускиот печат. Според информациите, приоритет за Французинот е да замине во Реал Мадрид, но фудбалерот е подготвен и на трансфер во редовите на францускиот шампион. Претходно беше објавено дека Зинедин Зидан бил лично заинтересиран за трансферот на Погба, но и Јувентус е подготвен да вклучи неколку играчи во договорот со Погба. Засега ПСЖ со финансиските параметри би бил фаворит во битката за Погба, доколку тој навистина сака да се пресели во Париз.

Read More

Раководството на Формула 1 ќе им понуди на тимовите да се одржуваат кратки трки од 30 минути во сабота на местото на класичните квалификации. Според информацијата на „Моторспорт“, овие трки всушност ќе бидат замена за стандардните квалификации и од нив ќе се одредуваат пол-позициите. Стартниот ред за овие самотни 30-минутни трки во вид на квалификации ќе се одредува по обратен редослед. Тоа значи дека лидерот во генералниот пласман ќе стартува од последното место, а прв ќе биде оној кој се наоѓа на 20-тото место во генералниот пласман. ФИА ја поддржува оваа идеја, но за да се ратификува ваква одлука, потребна…

Read More

Во четвртиот круг од тестирањето на играчите и членовите на тренерскиот персонал во Премиер лигата, никој не даде позитивен тест, но таков не е случајот со второлигашкото друштво. Таму по последниот круг тестови има 10 новозаболени фудбалери. „Во саботата беа тестирани 1058 играчи и членови на тренерскиот персонал од Чемпионшип лигата, а 10 примероци се позитивни“, објави Англиската фудбалска лига. Десетте новозаразени се од дури осум клуба од Чемпионшип лигата. „На оние играчи или вработени во клубовите кои се позитивни, ќе им треба самоизолација во согласност со упатствата за ЕФЛ“, се вели во соопштението. Престон потврди дека нивниот напаѓач Стокли…

Read More

Двата тетовски прволигаши, Шкендија и Ренова, во чии редови има 6 позитивни случаи на КОВИД-19 денеска ги потврдија резултатите. Во соопштенијата се вели: “За жал денес од Синдикатот на фудбалери и болницата „Систина“ не известија дека двајца членови на нашиот клуб кои се  тестирани, се позитивни на СОВИД-19. Во интерес на веродостојноста на резултатите, клубот веднаш ги започна процедурите за изведување на вториот тест на двајцата позитивни членови. Почитувајќи ги упатствата на надлежните органи, двајцата членови со позитивни резултати во СОВИД-19 се изолирани според препораките, додека клубот ќе ги преземе следните чекори во координација со Фудбалската федерација на Македонија и…

Read More

На седницата на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) беа донесени следните одлуки: – Управниот одбор на ФФМ го прифати предлогот на Комисијата за натпреварување за продолжување на натпреварувачката сезона 2019/2020 од Прва МФЛ која беше прекината во поради епидемијата COVID-19. Според предлог прифатлив за најголемиот број клубови од Прва МФЛ, Комисијата за натпреварување предложи, а Управниот одбор на ФФМ донесе одлука да го прифати предлогот, натпреварувањето во Прва МФЛ да се продолжи во скратен систем на следниот начин: Одигрување на четирите преостанати кола од третиот круг, а потоа преминување на одигрување на плеј-оф (првите шест екипи по…

Read More