Екипата на Приморска доби ултиматум од АБА лигата да ги среди долговите доколку сака и следната сезона да биде дел од региоанлното елитно натпреварување. Клубот е во долгови и доколку не ги подобри своите финансии ќе биде елиминирана од елитното кошаркарско натпреварување.
АБА со ова му даде надеж на МЗТ Скопје дека ќе дојде на местото на Приморска доколку раководството на лигата се реши да го суспендира овој клуб.
Клубот од Словенија има рок до 1 јули да ја среди својата финасиска состојба, во спротивно нема да настапуваат во АБА лигата следната сезона. Од нашиот шампион потврдија за контакти со раководството на АБА, но ќе мора да ја почекаат дефинитивната одлука за судбината на Приморска.