Хозе Каљејон, наводно, одлучил да го одбие новиот договор со Наполи и да прифати преселба во Валенсија. Како што објавија неколку италијански медиуми, тој треба да стане слободен агент на крајот на сезоната и иако имаше најави дека ќе остане во Неапол, сепак, неговата одлука се променила по понудата од „Местаља“. 33-годишниот играч пристигна од Реал Мадрид во 2013 година и одигра 336 натпревари за Наполи, постигнувајќи 80 гола и обезбедувајќи 77 асистенции.
Author: saso
Македонскиот фудбалски интернационалец Даниел Мојсов, конечно, успеа да се договори за продолжение на соработката со неговиот досегашен клуб АЕК Ларнака. Според денеска потврдените информации, Мојсов ќе остане на Кипар и следната сезона. И покрај разликите во преговорите, сепак дефанзивецот и Кипраните најдоа заеднички јазик, па Мојсов реши да остане во тимот каде настапува во партнерство со уште еден наш интернациоанлец, Иван Тричковски.
Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Диего Коста, избегна затворска казна поради даночна измама и ќе плати само парична санкција. Тој денеска се појави на суд во Мадрид за да го ратификува договорот постигнат во случајот на даночна измама. Обвинителите бараа затворска казна во траење од шест месеци и парична казна од 507.208 евра за измама на шпанската држава од 2014 година. Според судскиот запис објавен минатиот месец, Коста (31) не пријавил исплати од 5.150.622 евра од неговиот трансфер во 2014 година од Атлетико во Челзи во неговата даночна пријава, како и повеќе од еден милион евра од имиџ права. Во согласност…
КФСМ денеска испрати одговор до КК МЗТ Скопје Аеродром на нивното барање за враќање на средствата кои клубот ги уплатил во тековната сезона во касата на куќата на кошарката. Од Федерацијата велат дека барањето на МЗТ Скопје А. е неосновано во целост. КФСМ оценува дека барањето на клубот од Аеродром е целосно конфузно и нејасно и потсетува дека дека одлуката за прекин на сезоната е донесена од УО на федерацијата како колективен орган, а сезоната не е поништена.
Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Војдан Стојановски и следната сезона ќе го носи дресот на Гравелин во Франција. Како што потврдија од клубот, двете страни се договориле за продолжување на соработката и за следната сезона. Војдан пристигна во Гравелин во текот на сезоната 2019/20 и задоволи со своите настапи. Нашиот репрезентативец имаше просек од 12,7 поени на натпревар.
Според последната потврда од Апенините, италијанскиот фудбал се враќа со првите два полуфинални меча од Купот кои веќе се закажани за 12 и 13 јуни. Во првиот термин на 12 јуни ќе играат Јувентус и Милан, а ден подоцна и Наполи и Интер. Финалето ќе биде на 17 јуни. Првите полуфинални дуели веќе се одиграа во февруари. Милан и Јувентус одиграа нерешено 1:1, а Наполи славеше против Интер со 1:0. Финалето ќе се одигра во Рим, по што на 20 јуни треба да продолжи и Серија А.
Француските медиуми пренесуваат дека менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола е подготвен да издвои 50 милиони евра за Исмаел Бенасер од Милан. 22-годишниот играч од средниот ред на Милан беше прогласен за најдобар играч на последниот Африкански куп на нации, по што Алжирецот направи трансфер од Емполи во Милан за 16 милиони евра. Вредноста на младиот играч од средниот ред е 17,5 милиони евра, но „граѓаните“ би морале да платат 50 милиони заради откупната клаузула.
Американската компанија General American Capital Partners (GACP) ја разгледува можноста за купување на Рома, пренесува „Кориере дела Сера“. Сопственикот на компанијата, Џо ДаГроса внимателно ја следи ситуацијата и веќе имал неколку разговори на оваа тема. Според италијанските медиуми, тој веќе е во контакт со претседателот на Рома, Џејмс Палота, кој исто така е Американец. Во есента 2018 година, американската компанија го купи француски Бордо. Сепак, навивачите беа незадоволни од управувањето, па една година подоцна клубот го смени својот сопственик.
Фиорентина нема ништо против да го продаде капитенот Херман Пецела во Валенсија, но за да дозволи трансфер, Валенсија ќе мора да плати 20 милиони евра. Централниот дефанзивец сака да ја продолжи кариерата во Шпанија, па двете страни веќе се во преговори. Управата на Валенсија имаше намера да и понуди на Фиорентина еден фудбалер во замена за Пецела (се споменуваа Кевин Гамеиро и Јаспер Силесен), но оваа можност „виолетовите“ веднаш ја отфрлија. Тие бараат стрикно 20 милиони евра за Пецела. За Аргентинецот е заинтересиран и Наполи, а се споменува дека во последно време за него се распрашува и Рома.
Легендата на светскиот фудбал, Диего Марадона го продолжи својот договор како тренер на аргентинскиот тим Гимназија и Есгрима. „Гимназијата и Диего Армандо Марадона ќе продолжат да работат заедно со догивор кој ќе биде продолжен до 31 декември 2021 година. Тој ќе продолжи да го предводи тимот со Себастијан Мендес и Адријан Гонзалез како асистенти“, се наведува во информацијата објавена на веб-страницата на клубот. По 23 одиграни кола од првенството во Аргентина, Гимназија заврши на 19-то место. Поради пандемијата на коронавирус, првенството беше прекинато.
