Англиската трета и четврта лига, познати како Лига 1 и Лига 2 нема да продолжат оваа сеозна. Ова стана јасно по денешното гласање на сите клубови од двете нивоа на фудбалската пирамида во Англија. Конечниот ранг ќе се утврдува според заработените бодови врз основа на досега одиграните натпревари. Плеј-офот за пласман и испаѓање во соодветните лиги останува во сила. Во овој момент, јасно е дека Ковентри и Ротерам се квалификувале за Чемпионшип, но поради дисциплински случаи, сè уште не е јасно кои екипи ќе одат во Лига 2.
Author: saso
Американецот со Македонски пасош, Шејн Витингтон ќе ги смени клупските бои во текот на ова лето. Ова откако раководството на Реал Бетис му соопшти на нашиот актуелен репрезентативец дека во следната сезона нема да се смета на неговите услуги. Оваа сезона, високото крило одигра 23. средби во„Ендеса“ лигата и имаше солиден просек од 8.4 поени и 4.5 скокови, за 19 минути поминати во игра на еден натпревар во просек. Но клубот од Севиља сепак реши да не ја продолжи соработката. „Сакаме да му се заблагодариме на Шејн за работата и посветеноста за остварување на клупските цели. Воедно, му посакуваме многу…
Анте Гаџа ќе биде замената за Сташ Скубе во редовите на Вардар. Хрватот ќе пристигне во Скопје и ќе потпише договор на една година, со опција за продолжување на дополнителна втора сезона, доколку Вардар така одлучи. Поранешниот играч на Нексе и ППД Загреб треба да го наследи Словенецот, Сташ Скубе, кој замина од клубот. Гаџа се истакна со настапите во Хрватска и го привлече вниманието на Михајло Михајловски и „црвено-црниот“ табор. Плејмејкерот во тековната сезона од Лигата на шампионите запиша 40 погодоци зад своето име и беше главен организатор на играта во Загреб.
Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино одговори на прашањата за предлозите што организацијата ги доби околу поставување фунансиски ограничувања на платите и трансферите вос ветот на фудбалот. Предложените реформи се насочени кон подобрување на фудбалската индустрија погодена од пандемијата на коронавирус, а како предлог дојдоа од Бундеслигата. „Ни беа понудени низа предлози за ограничувања на платите, трансферите и разни механизми за оданочување. Беше предложено да се создадат клупски резервни фондови. Лично, јас се залагам за појасни финансиски правила кои обезбедуваат целосна транспарентност. И ова не треба да се однесува само на системот за трансфери, зборуваме за целиот фудбалски систем. Мислам дека…
На денешен ден пред 27 години светот остана без кошаркарскиот „Моцарт“, Дражен Петровиќ. Некогашната ѕвезда на југословенската, а подоцна и на хрватската кошарка, го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Инглоштад. Веднаш по натпреварот против Словенија во квалификациите за ЕП, Дражен од Германија тргна кон родната Хрватска со автомобил заедно со својата девојка, Германката Клара Шаланци и турската кошаркарка Хилал Едебал. Црвениот Фолксваген Голф, кој го управувала неговата девојка Клара, удри во камион кој доаѓал од спротивната страна во обид да претекне друго возило. Спомените на Дражен Петровиќ не бледнеат ниту 27 години по неговата смрт. Кошаркарскиот Моцарт кариерата ја…
Откако не успеа да ги обебзеди потписите на Тимо Вернер и Каи Хаверц, менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, сега се насочува кон еден од најдобрите напаѓачи во Премиер лигата, Адама Траоре од Вулверхемптон. Тинејџерот на Барселона остави одличен впечаток оваа сезона, играјќи клучна улога во борбата на „Волците“ да влезат меѓу првите 6 во Премиер лигата. Според „Дејли Мирор“, менаџерот на тимот, Јирген Клоп е изненаден од квалитетите и брзината на Траоре, за кого вели дека е скоро невозможно да се запре. Проценето е дека офанзивниот играч би чинел нешто под 50 милиони фунти.
Европската куќа на фудбалот (УЕФА) одлучила Лисабон да биде домаќин на преостанатите натпревари од годинашното издание на Лигата на шампионите, објави „Билд“. Главниот град на Португалија победи во конкуренција на Франкфурт и Москва. Неколку фактори биле одличувачки во корист на Лисабон. Како прво, сите португалски клубови веќе се надвор од европските турнири, што значи дека другите екипи ќе играат под еднакви услови. Покрај тоа, епидемиолошката состојба во градот е поповолна од онаа во Франкфурт и Москва, а тука е и присуството на два големи стадиони близу еден до друг. УЕФА и официјално ќе ја објави одлуката на 17 јуни.
Најновата рунда на тестирања во Премиерлигата не покажа нови случаи на заразени со коронавирусот. Во четврток и петок беа спроведени вкупно 1195 тестови во шестиот круг од тестирањата, бидејќи играчите од 20-те клубови од Премиер лигата продолжија со тренинзите. Во претходните пет рунди беа пронајдени 13 позитивни примероци. Според најавата, Премиерлигата ќе ја започне својата сезона на 17 јуни. Првите натпревари ќе бидат меѓу Манчестер Сити и Арсенал, односно Астон Вила и Шефилд Јунајтед, пред целото коло натпревари да се одиграат викендот на 19 јуни.
Манчестер јунајтед како приоритет ова лето го има фудбалерот на Астон Вила, Џек Гриниш, а не Џејдон Санчо, потенцираат извори од клубот. Менаџерот на „црвените ѓаволи“, Оле Гунар Солскјер е импресиониран од настапите на Грилиш оваа сезона на „Вила Парк“ и верува дека Англичанецот ќе биде алката која недостасува за враќање на славата на „црвените ѓаволи“. Според „Мирор“, газдите на Вила бараат 80 милиони фунти за нивниот бисер. Тоа сепак ќе биде 20 милиони помалку од 100 милиони фунти кои Борусија Дортмунд ги бара за крилниот напаѓач Санчо.
Рома е многу блиску до потпишување на нов договор за позајмица на дефанзивецот Крис Смолинг. „Римската волчица“ работи на затворање на договорот со Манчестер Јунајтед и во договорот е предвидено дека Италијанците ќе имаат задолжителна клаузула за откупување на дефанзивецот. И покрај неизвесноста за финансиската состојба на Рома, клубот ќе склучи договор, пренесува „Кориере дело Спорт“. Италијаците ќе платат три милиони евра за изнајмување на Крис Смолинг, но со задолжителна опција да го купат во 2021 година во вредност од 15 милиони евра.
