На денешен ден пред 27 години светот остана без кошаркарскиот „Моцарт“, Дражен Петровиќ. Некогашната ѕвезда на југословенската, а подоцна и на хрватската кошарка, го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Инглоштад.
Веднаш по натпреварот против Словенија во квалификациите за ЕП, Дражен од Германија тргна кон родната Хрватска со автомобил заедно со својата девојка, Германката Клара Шаланци и турската кошаркарка Хилал Едебал.
Црвениот Фолксваген Голф, кој го управувала неговата девојка Клара, удри во камион кој доаѓал од спротивната страна во обид да претекне друго возило.
Спомените на Дражен Петровиќ не бледнеат ниту 27 години по неговата смрт. Кошаркарскиот Моцарт кариерата ја започна на 13-годишна возраст во Шибенка, а само две години подоцна влезе во првиот тим. Одличните игри како тинејџер во Шибенка, само две години подоцна му донесоа трансфер во Цибона со која двапати стана и европски шампион.
По Цибона, последна европска станица му беше Реал Мадрид, а потоа замина во НБА лигата. Не доби шанса во Портланд, но затоа во Њу Џерси стана еден од најдобрите кошаркари во НБА. Успеа да биде избран и во третата најдобра петорка во НБА лигата.