Англиската трета и четврта лига, познати како Лига 1 и Лига 2 нема да продолжат оваа сеозна. Ова стана јасно по денешното гласање на сите клубови од двете нивоа на фудбалската пирамида во Англија.
Конечниот ранг ќе се утврдува според заработените бодови врз основа на досега одиграните натпревари.
Плеј-офот за пласман и испаѓање во соодветните лиги останува во сила.
Во овој момент, јасно е дека Ковентри и Ротерам се квалификувале за Чемпионшип, но поради дисциплински случаи, сè уште не е јасно кои екипи ќе одат во Лига 2.