Анте Гаџа ќе биде замената за Сташ Скубе во редовите на Вардар. Хрватот ќе пристигне во Скопје и ќе потпише договор на една година, со опција за продолжување на дополнителна втора сезона, доколку Вардар така одлучи.
Поранешниот играч на Нексе и ППД Загреб треба да го наследи Словенецот, Сташ Скубе, кој замина од клубот. Гаџа се истакна со настапите во Хрватска и го привлече вниманието на Михајло Михајловски и „црвено-црниот“ табор. Плејмејкерот во тековната сезона од Лигата на шампионите запиша 40 погодоци зад своето име и беше главен организатор на играта во Загреб.