Манчестер јунајтед како приоритет ова лето го има фудбалерот на Астон Вила, Џек Гриниш, а не Џејдон Санчо, потенцираат извори од клубот. Менаџерот на „црвените ѓаволи“, Оле Гунар Солскјер е импресиониран од настапите на Грилиш оваа сезона на „Вила Парк“ и верува дека Англичанецот ќе биде алката која недостасува за враќање на славата на „црвените ѓаволи“.
Според „Мирор“, газдите на Вила бараат 80 милиони фунти за нивниот бисер. Тоа сепак ќе биде 20 милиони помалку од 100 милиони фунти кои Борусија Дортмунд ги бара за крилниот напаѓач Санчо.