Рома е многу блиску до потпишување на нов договор за позајмица на дефанзивецот Крис Смолинг. „Римската волчица“ работи на затворање на договорот со Манчестер Јунајтед и во договорот е предвидено дека Италијанците ќе имаат задолжителна клаузула за откупување на дефанзивецот.
И покрај неизвесноста за финансиската состојба на Рома, клубот ќе склучи договор, пренесува „Кориере дело Спорт“. Италијаците ќе платат три милиони евра за изнајмување на Крис Смолинг, но со задолжителна опција да го купат во 2021 година во вредност од 15 милиони евра.