Поранешниот ракометар на Вардар, Матјаж Брумен, на 37 години потпиша нов договор. Тој се договори со екипата на Слован од Љубљана каде ќе се обиде со своето искуство да го врати тимот во врвот на словенечкиот ракомет. Десното крило по три години минати во Вардар играше за Горење каде мина две години, па имаше еден обид во Нексе и на крајот во 2018 заврши во Изола.
Author: saso
Роџер Федерер ќе мора да го пропушти остатокот од сезоната 2020 година, бидејќи ќе мора да направи дополнителна операција на десното колено. 20-кратниот освојувач на Гренд Слем турнирите имаше првична артроскопска интервенција во февруари, но рече дека имало мал „неуспех“ со неговата рехабилитација, поради која мора повторно да се интервенира. „Со нетрпение очекувам да ги видам сите на турнејата на почетокот на сезоната 2021“, изјави 38-годишниот Швајцарец. „Пред неколку недели, откако доживеав неуспех за време на мојата првична рехабилитација, морав да направам дополнителна брза артроскопска процедура на десното колено“, потврди Федерер на Твитер.
Македонскиот фудбалски репрезентативец Стефан Спировски и официјално е нов играч на кипарски АЕК Ларнака. Тој синоќа се договорил со АЕК Ларнака за договор на 2 години. Спировски треба да пристигне на Кипар во следниот период и откако успешно ќе ги помине лекарските прегледи, тогаш ќе ги потпише и релевантните договори. Спировски оваа сезона ја помина во Израел во Хапоел Тел Авив за кој имаше 24 настапи и 6 гола. Во редовите на АЕК Ларнака го очекува вистинска македонска колонија, затоа што дресот на овој клуб го носат и Даниел Мојсов и Иван Тричковски.
Српскиот стратег Ратко Достаниќ и во наредните две сезони ќе биде тренер на Работнички. Раководството на клубот е задоволно од работата на Достаниќ откако беше ангажиран во вториот дел од веќе прекинатата сезона во македонскиот шампионат и постигнат е договор за продолжување на соработката за нови две сезони. Претседателот на клубот Драган Поповски вели дека тоа што го започна Ратко Достаниќ сака да биде продолжено и во наредниот период. Форсирање на млади фудбалери, ред, работа и дисциплина, а се покажа дека носи и позитивни резултати. „По предвремениот прекин на сезоната, Работнички веќе размислува за следните предизвици. Имавме разговор со шефот…
Јувентус не попушта пред желбата во својот тим да го донесе италијанскиот репрезентативец од екипата на Челзи, Жоргињо. Од Италија стигнува информација дека составот од Торино е подготвен да го понуди својот играч од средниот ред Даглас Коста во замена за Жоргињо. Според изворот, Челзи нема намера да се раздели со Жоргињо за помалку од 50 милиони евра, но цената на Коста се проценува на 45 милиони евра, што ќе ја направи размената скоро еднаква, секако со мала доплата од „Старата Дама“.
Раководството на француски Лион повторно повика на продолжување на шампионатот на Франција, кој беше предвреме завршен поради пандемијата на коронавирусот. „Лигата сè уште има можност да го продолжи првенството во согласност со формулата адаптирана според препораките на УЕФА од 23 април, за да се стави крај на сезоната со резултати според спортските порстигнувања. Ова наше барање е во согласност со најновите изјави на министерот за спорт за можноста за враќање на спортските натпревари во Франција на почеток на јули, како и во мнозинството европските земји“, се вели во изјавата од клубот.
Ливерпул е на пат да го продолжи договорот со Џини Вајналдум за дополнителни 3 години. Според информацијата на весникот „Гардијан“, договорот на играчот од средниот ред истекува во јуни 2021 година и тој е заинтересиран да остане во Ливерпул, а „црвените“ секако имаат желба соработката да потрае. Холандскиот интернационалец, кој ќе наполни 30 години во ноември, преговара за договор до 2024 или 2025 година, со плата што нема да биде камен на сопнување во преговорите. Тој само барал уверување дека ќе продолжи да биде клучен играч во тимот, за да може да ја продолжи кариерата на „Енфилд“.
Манчестер Јунајтед нема да го одигра пријателскиот меч против Стоук Сити планиран за оваа недела. Одлуката на „црвените ѓаволи“ доаѓа откако тренерот на тимот на Стоук Сити, Мајкл О’Нил има позитивен резултат на коронавирусот. Според Стоук, претходните пет тестови на стратегот биле негативни. Според здравствениот протокол, О’Нил ќе се изолира, но ќе одржува виртуелен контакт со тренерскиот персонал и играчите. Во наредните денови, екипата ќе биде предводена од помошникот на О’Нил, Били Мекгинли.
Македонската традиционална карате федерација, во текот на вчерашниот ден го одржа 52. Државен шампионат во кати во традиционално карате. Натпреварувањето беше одржано преку видео платформа за сите возрасни категории. На шампионатот учество земаа 93 натпреварувачи од 15 карате клубови од Македонија. Во сениорска конкуренција, нови државни шампионби во кати за 2020 година станаа Спасе Стојанов од КК Шихан од Струмица и Мила Саздова од КК Работнички од Скопје. Во категорија кадети, првите места ги освоија Максим Илиев од КК Шихан од Струмица и неговата клупска колешка, Александра Стојановска.
Ливерпул денеска го продолжи договорот со Адам Лалана за наредните два месеци. Тоа значи дека „црвените“ ќе го имаат играчот за врска до крајот на сезоната, иако неговиот договор правно завршува овој месец. Според информацијата на „Телеграф“, 32-годишниот Англичанец го продолжил договорот со лидерот во Премиер лигата за преостанатите 9 меча во лигата, по што ќе си замине од клубот. Телеграф пишува дека двомесечниот договор е со намалена плата. По истекот на договорот, Лалана ќе го напушти Ливерпул, кад епомина 6 години. Според весникот, следна дестинација ќе му биде Лестер.
