Ливерпул е на пат да го продолжи договорот со Џини Вајналдум за дополнителни 3 години. Според информацијата на весникот „Гардијан“, договорот на играчот од средниот ред истекува во јуни 2021 година и тој е заинтересиран да остане во Ливерпул, а „црвените“ секако имаат желба соработката да потрае.
Холандскиот интернационалец, кој ќе наполни 30 години во ноември, преговара за договор до 2024 или 2025 година, со плата што нема да биде камен на сопнување во преговорите. Тој само барал уверување дека ќе продолжи да биде клучен играч во тимот, за да може да ја продолжи кариерата на „Енфилд“.