Македонскиот фудбалски репрезентативец Стефан Спировски и официјално е нов играч на кипарски АЕК Ларнака. Тој синоќа се договорил со АЕК Ларнака за договор на 2 години.
Спировски треба да пристигне на Кипар во следниот период и откако успешно ќе ги помине лекарските прегледи, тогаш ќе ги потпише и релевантните договори.
Спировски оваа сезона ја помина во Израел во Хапоел Тел Авив за кој имаше 24 настапи и 6 гола. Во редовите на АЕК Ларнака го очекува вистинска македонска колонија, затоа што дресот на овој клуб го носат и Даниел Мојсов и Иван Тричковски.

