Ливерпул денеска го продолжи договорот со Адам Лалана за наредните два месеци. Тоа значи дека „црвените“ ќе го имаат играчот за врска до крајот на сезоната, иако неговиот договор правно завршува овој месец.
Според информацијата на „Телеграф“, 32-годишниот Англичанец го продолжил договорот со лидерот во Премиер лигата за преостанатите 9 меча во лигата, по што ќе си замине од клубот. Телеграф пишува дека двомесечниот договор е со намалена плата.
По истекот на договорот, Лалана ќе го напушти Ливерпул, кад епомина 6 години. Според весникот, следна дестинација ќе му биде Лестер.