Раководството на француски Лион повторно повика на продолжување на шампионатот на Франција, кој беше предвреме завршен поради пандемијата на коронавирусот.
„Лигата сè уште има можност да го продолжи првенството во согласност со формулата адаптирана според препораките на УЕФА од 23 април, за да се стави крај на сезоната со резултати според спортските порстигнувања. Ова наше барање е во согласност со најновите изјави на министерот за спорт за можноста за враќање на спортските натпревари во Франција на почеток на јули, како и во мнозинството европските земји“, се вели во изјавата од клубот.