Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Достаниќ останува во Работнички уште две години
    Фудбал

    Достаниќ останува во Работнички уште две години

    sasoBy saso10/06/2020No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Српскиот стратег Ратко Достаниќ и во наредните две сезони ќе биде тренер на Работнички. Раководството на клубот е задоволно од работата на Достаниќ откако беше ангажиран во вториот дел од веќе прекинатата сезона во македонскиот шампионат и постигнат е договор за продолжување на соработката за нови две сезони.

    Претседателот на клубот Драган Поповски вели дека тоа што го започна Ратко Достаниќ сака да биде продолжено и во наредниот период. Форсирање на млади фудбалери, ред, работа и дисциплина, а се покажа дека носи и позитивни резултати.

    „По предвремениот прекин на сезоната, Работнички веќе размислува за следните предизвици. Имавме разговор со шефот на стручниот штаб Ратко Достаниќ и договоривме нова двегодишна соработка. Клубот има стратегија за форсирање на млади фудбалери, а тренерот има желба да се вклопи во една таква концепција и со врвна работа и максимален професионализам кои се карактеристики на Ратко Достаниќ да стигнеме и до позитивни резултати“, изјави првиот човек на клубот, Драган Поповски.

    Достаниќ го презема Работнички кога беше во незавидна позиција на табелата и забележа четири победи и реми против лидерот Вардар, стабилизирајќи го тимот и извлекувајќи го од последното место. Во моментот на прекинот на првенството Работнички заврши на осмата позиција на табелата во Првата лига.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.