Author: saso

По 100 дена принудна пауза, Премиерлигата се враќа со првите два меча по пандемијата со Ковид-19. Вечерва со мечот меѓу Астон Вила и Шефилд Јунајтед од 19 часот ќе започне серијата од 92 натпревари кои мора да се одиграат за сезоната во Англија и официјално да заврши. Сите овие средби ќе се одиграат во планиран период од само 40 дена, а крајот на сезоната ќе биде на 16 јули. Натпреварите ќе се играат зад затворени врати, а првите натпревари по продолжувањето на сезоната ќе започнат со минута молчење во спомен на жртвите на КОВИД-19. Дресовите на играчите нема да ги…

Read More

Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ, бара 6 милиони евра годишно за да остане во Милан. Според пишувањето на „Кориере дела Сера“, 38-годишниот Швеѓанец му ја соопштил својата цена на менаџментот на Милан и сега ја чека клупската одлука. Самиот клуб не брза да потпише нов договор со играчот и ќе го чека крајот на сезоната. Ибра има опција да замине и во Болоња, но и да се врати во својата Шведска каде може да заигра во хамарби, каде е косопственик на клубот.

Read More

Баерн Минхен синоќа по 30. пат стана шампион на Германија, откако славеше минимално со 1:0 на гостувањето кај Вердер. Баварците станаа само вториот тим во историјата на петте најдобри европски првенства кој освоил 8 национални титули по ред. Баерн нанижаа осум титули, почнувајќи од сезоната 2012/2013, па се до оваа, 2019/2020. Исто така, екипата од Минхен стана третиот клуб во историјата на најдобрите 5 европски лиги во однос на бројот на освоени национални првенства. Лидер на оваа листа е Јувентус кој 35 пати стана шампион на Италија, по што следуваат Реал Мадрид (33), а новиот шампион на Германија, Баерн ги…

Read More

КК Гостивар продолжи да работи на креирање тим со кој ќе биде еден од најсилните на домашната сцена и наредната сезона. Синоќа од клубот ја објавија и соработката со 30-годишниот Малком Армстед, кој практично ќе остане во Гостивар и следната сезона, откако во оваа и не се наигра поради прекинот на сезоната. Армстед е исклучително искусен кошаркар кој во својата кариера играше во повеќе европски првенства, а своевремено беше прогласен и за МВП во АБА лигата.

Read More

Ракометната репрезентација на Македонија попладнево во Виена ги доби противниците за квалификациите за Европското првенство 2022 година, кое ќе се одржи во Унгарија и Словачка. Среќата сакаше, избраниците на Данило Брестовац да се најдат во групата 7, заедно со селекциите на Данска, Швајцарија и Финска. All pots have been drawn. This is the draw result. #ehfeuro2022 #watchgamesseemore Group 1: 🇫🇷, 🇷🇸, 🇧🇪, 🇬🇷 Group 2: 🇩🇪, 🇦🇹, 🇧🇦, 🇪🇪 Group 3: 🇨🇿, 🇷🇺, 🇺🇦, 🇫🇴 Group 4: 🇮🇸, 🇵🇹, 🇱🇹, 🇮🇱 Group 5: 🇸🇮, 🇳🇱, 🇵🇱, 🇹🇷 Group 6: 🇳🇴, 🇧🇾, 🇱🇻, 🇮🇹 Group 7: 🇩🇰, 🇲🇰, 🇨🇭, 🇫🇮 Group…

Read More

ЕХФ денеска ги потврди листите на учесници во новата сезона на Лигата на шампионите. Како што и се очекуваше, нашиот шампион Вардар е меѓу сигурните учесници во новата сезона, доеека Еурофарм Пелистер ќе чека една од шесте вајлд-карти за пополнување на елитата. Ждрепката е закажана за први јули, а во листата на сигурни учесници во ЛШ следната сезона, покрај Вардар се и ППД Загреб, Барселона, Алборг, ПСЖ, Кил, Флензбург, Веспрем, Киелце и Порто. На листата на апликани за вајлд-карта, покрај битолчани се и Висла, Адемар Леон, Нант, Пик Сегед, ГОГ и Спортинг.

Read More

Реал Мадрид планира да му понуди ново продолжување на договорот на дефанзивецот Серхио Рамос, пишува „АС“. Управата на клубот сака да ја задржи првата ѕвезда во одбраната и започна преговори за продолжување на договорот меѓу двете страни. Предлогот е тој да остане на „Сантијаго Бернабеу“ до 2022 година. Рамос во моментов има договор со клубот до јуни 2021 година. Оваа сезона, 34-годишниот Шпанец одигра 34 натпревари за Реал и постигна 7 гола.

Read More

Амбициозниот сопственик на Челзи, Роман Абрамович, одлучил повторно да вложи големи средства во својот клуб, а англиските медиуми пишуваат дека „сините“ ќе имаат спектакуларен состав следната сезона со кој ќе се обидат да ја освојат титулата на Островот. Раководството на Челзи е подготвено да направи неколку големи трансфери и со тоа значително да го засили својот тим, а Абрамович ќе се обиде да ја искористи кризата поради пандемијата на коронавирус за да го направи клубот од „Стемфорд Бриџ“ уште посилен во овие тешки моменти кога скоро сите големи клубови во светот се погодени финансиски. Лондончани го донесоа Хаким Зијех од…

Read More

Саша Обрадовиќ и официјално стана нов тренер на КК Црвена звезда. Обрадовиќ се врати во клубот каде порасна како играч и за кој играше во три наврати. Тој последен пат го предводеше тимот на Монако, а денеска потпиша повеќегодишен договор со „црвено-белите“. Српскиот стратег претходно ги водеше Локомотив Кубан и Алба од Берлин, со кои оствари голем успех, додека истовремено беше и шеф на стручниот штаб на Доњецк, Туров, Киев и Келн. 52-годишниот стручњак на клупата ќе го наследи Драган Шакота, со кого Звезда пред неколку дена се раздели со меѓусебна согласност.

Read More

Интер е многу блиску до обезбедување на потписот на еден од најголемите таленти во италијанскиот фудбал, Сандро Тонали. „Нероаѕурите“ ќе и платат на Бреша 30 милиони евра за играчот од средниот ред, а договорот ќе вклучува и бонуси поврзани со неговиот настап. Познатиот италијански новинар Џанлука Ди Марцио вели дека трансферот е многу близу до завршување. За талентираниот играч од средниот ред интерес покажаа и Јувентус, Манчестер Јунајтед, Арсенал, Барселона, Фиорентина, Наполи и ПСЖ, но во моментов Тонали е 100% сигурен за заминување во Интер. Претседателот на Бреша, Масимо Селино изјави дека сака 50 милиони евра за правата на играчот…

Read More