Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ, бара 6 милиони евра годишно за да остане во Милан. Според пишувањето на „Кориере дела Сера“, 38-годишниот Швеѓанец му ја соопштил својата цена на менаџментот на Милан и сега ја чека клупската одлука. Самиот клуб не брза да потпише нов договор со играчот и ќе го чека крајот на сезоната.
Ибра има опција да замине и во Болоња, но и да се врати во својата Шведска каде може да заигра во хамарби, каде е косопственик на клубот.