Интер е многу блиску до обезбедување на потписот на еден од најголемите таленти во италијанскиот фудбал, Сандро Тонали. „Нероаѕурите“ ќе и платат на Бреша 30 милиони евра за играчот од средниот ред, а договорот ќе вклучува и бонуси поврзани со неговиот настап.
Познатиот италијански новинар Џанлука Ди Марцио вели дека трансферот е многу близу до завршување.
За талентираниот играч од средниот ред интерес покажаа и Јувентус, Манчестер Јунајтед, Арсенал, Барселона, Фиорентина, Наполи и ПСЖ, но во моментов Тонали е 100% сигурен за заминување во Интер.
Претседателот на Бреша, Масимо Селино изјави дека сака 50 милиони евра за правата на играчот од средниот ред, но економската криза што ја предизвика пандемијата на коронавирус ќе го присили шефот на италијанскиот тим да го намали износот.