Реал Мадрид планира да му понуди ново продолжување на договорот на дефанзивецот Серхио Рамос, пишува „АС“.
Управата на клубот сака да ја задржи првата ѕвезда во одбраната и започна преговори за продолжување на договорот меѓу двете страни.
Предлогот е тој да остане на „Сантијаго Бернабеу“ до 2022 година. Рамос во моментов има договор со клубот до јуни 2021 година.
Оваа сезона, 34-годишниот Шпанец одигра 34 натпревари за Реал и постигна 7 гола.