Босанскиот репрезентативец Миралем Пјаниќ се поврзуваше со Челзи во последните неколку недели, но италијанските медиуми велат дека таков трансфер веројатно нема да се реализира. Италијанските медиуми објавија дека Сари сака да го донесе својот миленик Жоргињо во клубот, а Јувентус му го понудил на Челзи, токму Пјаниќ во замена за него. „Калчомеркато“ утрово објави дека Челзи официјално му кажал на Јувентус дека нема никаков интерес за размената на играчи. Наводно, Френк Лампард се вклучил во преговорите, истакнувајќи дека Жоргињо е важен дел од играта на тимот и не смета дека Пјаниќ е добра солуција за негова замина.
Author: saso
Најдобриот бугарски тенисер Григор Димитров имал позитивен тест за коронавирус. Гришо се врати во Монако од турнирот во Задар порано затоа што се чувствувал лошо, но засега не беше јасно дали причината е КОВИД-19. Тој поминал неколку часа во болница, каде што беше подложен на дополнителни тестови на белите дробови. Резултатите ќе бидат објавени во наредните денови. Во последните 2 недели Бугаринот се натпреваруваше на „Адриа Тур“ турнирите во Србија и Хрватска, организирани од светскиот рекет бр.1 Новак Ѓоковиќ.
Денеска за првпат, Скопје беше домаќин на новата и иновативна трка HalkEco Хронометар 10KM. Трката се одржа на кејот на реката Вардар. Тркачите стартуваа од стартната позиција под мостот „Гоце Делчев“ до крајната позиција, вливот на реката Лепенец во Вардар, каде што завртеа полукружно назад до целта под мостот „Гоце Делчев“. Дарио Ивановски беше најбрз кај мажите со време од 30:57 минути, второто место му припадна на Атанас Анчевски (33:29), додека третопласиран беше Александар Кираџиев (33:49). Кај жените првото место го освои Адријана Поп Арсова со време од 37:15, второто место и припадна на Биљана Кираџиева (38:26), додека третопласирана е…
Академија ФМП го потврди новиот договор со Славчо Темелковски. На официјалниот веб-сајт, Темелковски е потврден како ново засилување за прволигашот со договор во времетраење од 2 години со можност истиот да биде продолжен на уште една. 19-годишниот играч кој има настапувано за екипите на Работнички и Вардар и воедно ја има претставувано Македонија на повеќе европски првенства во генерациите У16, У18 и У20 ќе биде одлично засилување на центарската позиција.
Еден од најискусните фудбалери на Барселона, Жерард Пике смета дека, врз основа на настапите на неговиот тим во последно време, Реал Мадрид е поблиску до титулата. Барселона одигра без победник синоќа кај Севиља во меч со многу тешкотии, но Реал Мадрид има шанса да се израмни со Каталонците на гостувањето кај Реал Сосиедад вечерва. „Мислам дека ќе биде многу тешко да се стане шампион, ќе ни биде многу тешко да ја освоиме титулата“, рече искрено Пике.
17-годишниот голман на Ростов, Денис Попов, на мечот од 23-то коло против Сочи (1:10) постави рекорд во руската Премиер лига по бројот на одбрани направени на една средба. На натпреварот против Сочи, младинецот на голот на гостите успеа да го спаси својот гол дури 15 пати. Рекордот во историјата на Премиер лигата на Русија досега беше 13 успешни голмански интервенции на еден меч. Ростов играше со фудбалерите до 20 години играа откако претходно шест играчи потврдија дека се болни од коронавирус. Во овој поглед, целиот тим и тренерскиот персонал беа принудени да одат во карантин на две недели. Ростов побара…
Словенечкиот кошаркар Јака Блажиќ го го продолжи договорот со Цедевита Олимпија и со тоа ги запре гласините околу негов трансфер во белградска Ц. Звезда. Новиот договор со клубот е на две сезони. Во минатата сезона, Блажиќ во Еврокупот имаше просек од 9,8 поени, 4,0 скока и 2,4 асистенции по натпревар.
Раководството на француската Лига 1 едногласно гласаше против проширување на натпреварувањето со 22 екипи во сезоната 2020/21. Во врска со почетокот на сезоната во Франција, се разгледуваше можноста за промена на форматот на турнирот, меѓутоа, раководството на францускиот фудбал дојде до заклучок дека проширување е невозможно, со оглед на последиците од кризата и финансиските проблеми на клубовите. Така, најверојатно, Амиен и Тулуз, кои ја завршија сезоната на последните места на пласман, ќе ја напуштат елитната дивизија.
Челзи и официјално го потврди и комплетираше трансферот на Тимо Вернер од РБ Лајпциг, откако ја активираше откупната клаузула од неговиот договор. Германскиот интернационалец пристигнува на „Стемфорд Бриџ“ со 5-годишен договор кој ќе му донесе 9 милиони фунти годишно. Надоместокот за трансфер е 45 милиони фунти или 50 милиони евра. Сега останува играчот да ги помине медицинските тестови со цел да се заврши трансферот. „Среќен сум што доаѓам во Челзи. Ова е многу горд момент за мене затоа што станувам дел од еден ваков одличен клуб. Секако, сакам да се заблагодарам на РБ Лајпциг и на навивачите на тимот за…
Полските медиуми денеска објавија дека Извршниот комитет на ЕХФ во текот на вчерашниот ден одлучувал за поделбата на „вајлд-картите“ за Лигата на шампионите за следната сезона, а во листата не се нашол македонскиот тим, Е. Пелистер. Полјаците велат дека ЕХФ решила „вајлд-картите“ за ЛШ да ги подели на Нант, ПИК Сегед, Елверум, Динамо Букурешт, Целје и Мешков Б. Е. Пелистер заедно со Адемар Леон, Спортинг Лисабон, Кадетен Шафхаузен, Бешикташ, Висла Плоцк, Мотор Запорожје и ГОГ Гудме ќе играат во Лигата на Европа.
