Фудбалерот од средниот ред на Баерн (М), Тиаго Алкантара не сака да го обнови договорот со германскиот шампион, пишува денешен „Билд“. Според извори на весникот, клубот и 29-годишниот Шпанец се согласиле за условите на новиот договор, но фудбалерот одбил да го потпише на последната средба со преставници на управата. Алкантара наводно добил повик од Англија и сега сака да го напушти Баерн и да се пресели во Ливерпул. Во сезоната 2019/20, тој одигра 35 натпревари за Баварците, постигнувајќи 3 гола и 2 асистенции.
Author: saso
Новата сезона од кошаркарската Евролига, стартува на 1 октомври. Денеска организаторите на најсилното клупско натпреварување го објавија комплетниот распоред за новата сезона. Истата почнува на 1 и 2 октомври, а уште во првиот ден од натпреварите ќе бидеме сведоци на големо дерби меѓу Барселона и ЦСКА.
Германскиот бундеслигаш Баер (Л) деновиве примил две понуди од два европски гиганти за младиот голгетер Каи Хаверц. Според пишувањата на дел од медиумите, станува збор за понуди кои доаѓаат од Англија и Шпанија. Првата во висина од 88 милиони евра е пристигната од канцеларијата на Челзи, додека втората во висина од 80 милиони евра дошла од Реал (М). Засега нема одговоро од управата на „фармацевтите“, но станува јасно дека ќе има жестока битка за потписот на младото изненадување во Бундеслигата оваа сезона.
Босанските медиуми денеска објавија дека екипата на Борац од Бања Лука е во преговорис о двајца фудбалери на Вардар. Според пишувањата, извесно време од клубот ги следат случувањата во скопските „црвено-црни“, па летово е можна преселба на двајца вардаровипрвотимци во босанската Премиер лига. Филип Најдовски (27) и Дарко Мицевски (28), се фудбалерите за кои е заинтересерирана екипата на Борац. И двајцата кои претходно играа за младинската репрезентација на Македонија, а сега завршија на радарот на тимот од Бања Лука.
Полскиот пивот Патрик Валчак (27) синоќа и официјално потпиша за Вардар.Тој се обврза на една плус една година со се уште актуелниот европски првак. Патрик Валчак ќе биде дел од триото пикери заедно со Столе Стоилов и Глеб Калараш и младите македонски пивоти Атанасовски и Гашовски. Вардар и понатаму се обидува да го реши прашањето за нов среден бек, со што ќе го комплетира тимот за идната сезона.
Енди Керол се очекува да потпише нов едногодишен договор со Њукасл Јунајтед. Според локалните весници, менаџерот на тимот Стив Брус смета дека заклучувањето на овој договор е огромна придобивка за целиот тим, особено за нападот. Керол потпиша краткорочен договор кој требаше да истече на 30 јуни, а сега бара да биде и во клубот и во сезоната 2020/21. Тој има остварено 15 настапи оваа сезона, додека осум натпревари мораше да ги пропушти поради повреда на колкот.
Фудбалерите на Ливерпул Жоел Матип и Џејмс Милнер ќе го пропуштат вечерашниот дуел со Кристал Палас на „Енфилд“. И двајцата беа повредени на средбата со Евертон во неделата. Сепак, добра вест е тоа што Мохамед Салах и Енди Робертсон се во комбинација за старт на вечерашниот дуел. Ниту Салах ниту Робертсон не играа на градското дерби кое завршни без постигнат гол. Менаџерот на „црвените“, Клоп на прес-конференција пред мечот изјави дека Мо тренира нормално и најверојатно вечерва ќе биде стартер исто како и Робертсон.
Бразилецот Давид Луиз потпиша нов едногодишен договор со Арсенал, додека нови договори потпишаа и Пабло Мари и Седрик Соарес. Луис го доби новиот договор со „топчиите“ по повеќемесечната сага за тоа дали ќе добие двегодишен или едногодишен договор. Тој, сепак, реши да ја прифати понудата на клубот и да се согласи со понудените услови за нова едногодишна соработка. Следната сезона тој повторно ќе игра во дресот на лондонскиот клуб, што беше голема желба на тренерот Микел Артета, кој има исклучително високо мислење за Бразилецот.
РК Металург вчера ја заврши соработката со грузискиот ракометар, Иракли Кбилашвили. Составот од Автокоманда реши да го раскине договорот со средниот бек за да ослободи место за друг странец. Кбилашвили го носеше дресот на Металург изминатава сезона, која беше предвремено прекината поради коронавирусот. Од Автокоманда велат дека продолжуваат да работат на ракометниот пазар и ќе се бара нов плејмејкер, кој воедно ќе му помогне во развојот и на младиот Стефан Додиќ.
Sвездата на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ, е позитивен на Ковид-19. Тој е во Србија и требаше да се врати во Соединетите Американски Држави, но неговите планови за патување се привремено одложени. Како што објавија од ЕСПН, Јокиќ е асимптоматски откако се тестирал минатата недела. Се очекува Србинот да биде подготвен да патува назад во Денвер во рок од една недела.
