Бразилецот Давид Луиз потпиша нов едногодишен договор со Арсенал, додека нови договори потпишаа и Пабло Мари и Седрик Соарес.
Луис го доби новиот договор со „топчиите“ по повеќемесечната сага за тоа дали ќе добие двегодишен или едногодишен договор. Тој, сепак, реши да ја прифати понудата на клубот и да се согласи со понудените услови за нова едногодишна соработка.
Следната сезона тој повторно ќе игра во дресот на лондонскиот клуб, што беше голема желба на тренерот Микел Артета, кој има исклучително високо мислење за Бразилецот.