Author: saso

Бразилскиот напаѓач Вагнер Лав е нов фудбалер на Каират од Казахстан. Бразилецот беше слободен агент, па реши да замине во нов предизвик, секако и за добра плата во казахстанскиот шампионат. Пред неколку недели, 35-годишниот напаѓач го раскина договорот со бразилски Коринтијанс и имаше информации за негово евентуално враќање во ЦСКА Москва, но до трансфер не дојде. За време на својата кариера, Вагнер Лав играше за Палмеирас, ЦСКА, Фламенго, Шандонг, Коринтијанс, Монако, Аланиаспор и Бешикташ.

Read More

Крилниот напаѓач на Наполи, Хозе Каљехон, најверојатно ќе се врати во Шпанија следната сезона. Договорот на 33-годишниот стрелец со наполитанците истекува, а два клуба од Ла Лига, Бетис и Гранада, покажуваат интерес за него. Агентот на играчот, Мануел Гарсија Кион, навести разделба со Наполи истакнувајќи дека долго време немаат слушнато никаква понуда од Наполи, но во истовреме разговараат со два заинтересирани клуба од Ла Лига. Во моментов Гранада е поблиску до потписот на Каљехон, но преговорите не се завршени.

Read More

Жељко Обрадовиќ и Фенербахче ја прекинаа соработката. Двете страни долго време беа во преговори, и на крајот се договорија да се разделат. Србинот седум години беше дел од истанбулскиот тим, и освои се што можеше да се освои. Во последните седум години, Обрадовиќ освои и четири шампионски титули со екипата и една европска титула.

Read More

Новак Ѓоковиќ призна дека погрешиле со проценката и прерано ги организирале турнирите Адриа Тур, и ги повика сите оние кои биле инволвирани да се тестираат и да применуваат социјална дистанца. „Верувавме дека турнирите ги почитуваат сите здравствени протоколи и дека здравствената ситуација во нашиот регион е добра за конечно луѓето да се обединат. Но погрешивме, беше прерано за такво нешто. Не можам да ви опишам колку ми е жал што вака заврши. Ако бевте дел од од „Адрија тур“ или пак бевте во близина на учесниците, ве молам тестирајте се и држете социјална дистанца. За оние во Задар и Белград,…

Read More

Динамо Загреб испиша нова страница од историјата на хрватскиот фудбал, откако од синоќа и официјално е старо-нов шампион. На неколку кола до крајот на сезоната, „модрите“ имаат голема предност пред конкурентите и по 15-ти пат стигнаа до шампионскиот наслов. Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми стана најтрофејниот играч во историјата на клубот со 9 шампионски титули. Покрај тоа, тој во сите овие години во дресот на клубот освои и 5 купа и 3 суперкупа или вкупно 17 трофеи во дресот на најславниот хрватски клуб.

Read More

Дефанзивецот на Наполи, Хисај, сака да го напушти тимот во летниот преоден рок. Според италијанските портали, 26-годишниот фудбалер поднел барање за трансфер до управата на клубот. Албанецот не е задоволен од својата позиција во тимот, бидејќи го загуби местото во почетниот состав и не е фаворит во конкуренција на Ди Лоренцо. Тој дојде во Наполи во 2015 година од Емполи за 5 милиони евра. Оваа сезона Хисај има 13 натпревари во италијанската Серија А.

Read More

Уште тројца новозаболени од корона вирус меѓу учесниците на вториот турнир од серијата „Адриа Тур“. Како што утрово објавија регионалните медиуми, по направените тестирања констатирано е дека уште еден тенисер и двајца тренери се позитивни на КОВИД-19. Утрово, ХРТ објави дека уште тројца тенисери се позитивни за коронавирусот, а Н1 откри дека еден од нив е најдобро рангираниот хрватски тенисер Борна Чориќ. Исто така се наведува дека еден од новозаразените е и кондицискиот тренер на Григор Димитров. „Од 23 тестирани тенисери уште еден е позитивен, како и двајца тренери“, велат хрватските здравствени власти по вчерашните тестови кои веднаш беа направени…

Read More

КК Академија ФМП под водство на новиот тренер Александар Петровиќ засилено го подготвува тимот за следната натпреварувачка сезона. Синоќа од клубот потврдија дека по ангажманот на Теодор Атанасов и Славчо Темелковски, ФМП го задржува и најдобриот стрелец од минатата сезона Рони Харис. Американецот имаше просек од 17 поени по натпревар, 4.3 скока и 4.6 асистенции, а тоа беше одлична препорака да остане во прволигашот од Кисела Вода.

Read More

Ливерпул му понудил на Наполи сума од 60 милиони евра за дефанзивецот Калиду Кулибали, но ова не е доволно за Наполи да му дозволи да си замине. Како што пишува „Кориере дело Спорт“, барањата на неаполитанците и натаму се за сума од 100 милиони евра, доколку некој сака да го купи нивниот одбрандбен фудбалер. Во исто време беше објавено дека Наполи нема да прави отстапки во преговорите за продажба на Кулибали, дури и покрај падот на вредноста на играчите ширум светот поради пандемијата на коронавирус.

Read More

Лука Јовиќ не е единствениот Србин кој е пред преселба во Милан, пишуваат италијанските медиуми. Доаѓањето на Јовиќ во Милано е сè поизвесно, а сега постои можност уште еден Србин да дојде со него во Сан Сиро. Станува збор за Никола Миленковиќ, младиот дефанзивец кој не го продолжи договорот со Фиорентина. Дел од договорот меѓу Милан и Фиорентина за него би можел да биде Лукас Пакета, бидејќи тој веќе некое време не успева да се снајде во новата средина во Милано.

Read More