Лука Јовиќ не е единствениот Србин кој е пред преселба во Милан, пишуваат италијанските медиуми. Доаѓањето на Јовиќ во Милано е сè поизвесно, а сега постои можност уште еден Србин да дојде со него во Сан Сиро. Станува збор за Никола Миленковиќ, младиот дефанзивец кој не го продолжи договорот со Фиорентина.
Дел од договорот меѓу Милан и Фиорентина за него би можел да биде Лукас Пакета, бидејќи тој веќе некое време не успева да се снајде во новата средина во Милано.