Бразилскиот напаѓач Вагнер Лав е нов фудбалер на Каират од Казахстан.
Бразилецот беше слободен агент, па реши да замине во нов предизвик, секако и за добра плата во казахстанскиот шампионат.
Пред неколку недели, 35-годишниот напаѓач го раскина договорот со бразилски Коринтијанс и имаше информации за негово евентуално враќање во ЦСКА Москва, но до трансфер не дојде.
За време на својата кариера, Вагнер Лав играше за Палмеирас, ЦСКА, Фламенго, Шандонг, Коринтијанс, Монако, Аланиаспор и Бешикташ.