Крилниот напаѓач на Наполи, Хозе Каљехон, најверојатно ќе се врати во Шпанија следната сезона. Договорот на 33-годишниот стрелец со наполитанците истекува, а два клуба од Ла Лига, Бетис и Гранада, покажуваат интерес за него.
Агентот на играчот, Мануел Гарсија Кион, навести разделба со Наполи истакнувајќи дека долго време немаат слушнато никаква понуда од Наполи, но во истовреме разговараат со два заинтересирани клуба од Ла Лига.
Во моментов Гранада е поблиску до потписот на Каљехон, но преговорите не се завршени.