Новак Ѓоковиќ призна дека погрешиле со проценката и прерано ги организирале турнирите Адриа Тур, и ги повика сите оние кои биле инволвирани да се тестираат и да применуваат социјална дистанца.
„Верувавме дека турнирите ги почитуваат сите здравствени протоколи и дека здравствената ситуација во нашиот регион е добра за конечно луѓето да се обединат. Но погрешивме, беше прерано за такво нешто. Не можам да ви опишам колку ми е жал што вака заврши. Ако бевте дел од од „Адрија тур“ или пак бевте во близина на учесниците, ве молам тестирајте се и држете социјална дистанца. За оние во Задар и Белград, ќе обезбедиме медицинска помош во блиска иднина. Останатите турнири се откажани, а на заразените им посакувам брзо оздравување“, напиша Ѓоковиќ на социјалните мрежи.