КК Академија ФМП под водство на новиот тренер Александар Петровиќ засилено го подготвува тимот за следната натпреварувачка сезона.
Синоќа од клубот потврдија дека по ангажманот на Теодор Атанасов и Славчо Темелковски, ФМП го задржува и најдобриот стрелец од минатата сезона Рони Харис.
Американецот имаше просек од 17 поени по натпревар, 4.3 скока и 4.6 асистенции, а тоа беше одлична препорака да остане во прволигашот од Кисела Вода.