Дефанзивецот на Наполи, Хисај, сака да го напушти тимот во летниот преоден рок. Според италијанските портали, 26-годишниот фудбалер поднел барање за трансфер до управата на клубот.
Албанецот не е задоволен од својата позиција во тимот, бидејќи го загуби местото во почетниот состав и не е фаворит во конкуренција на Ди Лоренцо.
Тој дојде во Наполи во 2015 година од Емполи за 5 милиони евра. Оваа сезона Хисај има 13 натпревари во италијанската Серија А.