Author: saso

Европската одбојкарска конфедерација, ЦЕВ го објави календарот за квалификациите за Европското првенство 2021. Натпреварите во групата “Ц”, каде се и македонските репрезентативци, се закажани за јануари. Поради пандемијата, наместо шест средби според принципот “секој со секого, дома и на гости”, ќе има два турнира, првиот во Данска од 7-10, а вториот во Македонија од 14-17 јануари. Во групата се и Турција и Босна и Херцеговина, а пласман на континенталниот шампионат ќе обезбедат првопласираните селекции, како и најдобрите пет второпласирани од седумте квалификациски групи. Според рејтингот и квалитетот, македонскиот национален тим има реални шанси вторпат да се најде во европската елита.…

Read More

Напаѓачот на ПСЖ, Единсон Кавани може да се врати во Италија. Според „Спорт890“, Рома му понудила на Уругваецот договор со одлични услови и солидна плата. Кавани има активен договор со парискиот клуб кој истекува на 1 јули, што значи дека како слободен играч може без отштета да се пресели во Рим. Во сезоната 2019/20 година, 33-годишниот Кавани одигра 22 натпревари, постигна 7 гола и имаше 3 асистенции.

Read More

Управниот Одбор на Фудбалската Федерација на Македонија, на својат авчерашна седница одлучи да го продолжи летниот преоден рок за една недела. Истиот место до 31 август, тој сега ќе трае до 6 септември. Со тоа македонските тимови добија продолжена можност за купување на нови фудбалери за една седмица.

Read More

Менаџерот на Евертон, Карло Анчелоти зборуваше за неговата врска со менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, по освојувањето на титулата на „црвените“. „Имам одлична врска со Јирген Клоп. Се запознавме минатата недела кога сè беше скоро решено, а јас му честитав однапред. Клоп е креатор на успехот на овој „Ливерпул“, но не само во англиската Премиер лига, тој постигна многу за пет години од моментот кога го презема овој англиски клуб. Тој беше трпелив и успеа да изгради совршена машина“, изјавил Анчелоти.

Read More

Менаџерот на Челзи, Френк Лампард, по синоќешната победа против Манчестер Сити, изјави дека за него, се уште најдобри се Манчестер Сити. „Беше многу тешко. Но, така е кога играте против тим со поединци како овој, заради начинот на кој тие тренираат и начинот на кој тие играат, мислам дека се најдобри во Премиер лигата”, изјави Лампард по синоќешниот натпревар. Тој подоцна ги пофали Јирген Клоп и Пеп Гвардиола. „Пеп и Клоп се повисока класа, затоа Ливерпул вечерва ја слави титулата“, рече тој.

Read More

Капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон не можеше да ги најде вистинските зборови за да го опише „момент кој никогаш нема да го заборави“, откако Ливерпул математички го потврди освојувањето на титулата синоќа. „Не сакав да зборувам за ова сè додека не заврши. Феноменално е конечно да се премине линијата и јас сум многу среќен за сите играчи, навивачи, сите во клубот и во градот. Во моментов сум полн со емоции и навистина сум горд на тоа што го направивме“, изјави капитенот на Ливерпул. Целиот тим на Ливерпул го гледаше натпреварот меѓу Челзи и Сити заедно. „Кога ја освоивме Лигата на…

Read More

Младиот албански дефанзивец Мараш Кумбула најверојатно се сели во Лацио. Иако на Апенините со денови се зборува дека за Кумбула има огромен интерес кај Јувентус и Интер, тој веќе го одбрал својот нов клуб. Интер и Јувенус веќе подолго време водеа преговори со неговиот агент, но во моментов најблиску до неговиот потпис е Лацио. Раководството на Лацио имало состанок со колегите од Верона, а „Скај Италија“ тврди дека двете страни се практично пред договор кој ќе врфеди околу 20 милиони евра.

Read More
NBA

Легендарниот американски кошаркар, Винс Картер синоќа потврди дека и става крај на играчката кариера по 22 години поминати на паркетот. Винс Картер и претходно најави дека оваа ќе му биде последна сезона, а сега и официјално преку подкаст само ја потврди својата одлука. „Ако постои некое разочарување тоа е начинот на кој ја завршувам кариерата. Но тоа е, понекогаш има поголеми работи отколку крајот на мојата кариера. Коронавирусот зема многу животи и тоа е големата слика“, изјави Винс Картер. Тој во својата кариера играше за осум НБА тимови, а најголемата слава ја стекна во својот прв клуб, Торонто Репторс за…

Read More

Актуелниот светски шампион во Формула 1, пилотот на Мерцедес, Луис Хамилтон во пресрет на почетокот на сезоната сними видео-порака до фановите. Во неа, тој ги сподели очекувањата од новата сезона. „Ние се обидуваме најдобро да се подготвиме за сезоната, што ќе биде најтешката во историјата на Формула 1. Сите се соочивме со тешки времиња и промени. Сакам да ви се заблагодарам на сите за позитивните пораки, тие навистина ни помогнаа во последните два месеци. И на тимот, и лично на мене. Возењето пред празните трибини нема да мотивира, ќе се чувствуваме осамени. Но, ќе се сетиме на вас фановите. Продолжете…

Read More

Фудбалерите на Ливерпул од синоќа и официјално се новите шампиони во Премиер лигата, бидејќи нивниот прв конкурент за првото место Манчестер Сити синоќа загуби од Челзи со 2:1. Со тоа Ливерпул ја освои титулата, прва по 30 години чекање. „Црвените“ од „Енфилд“ имаат 86 бода на 7 кола пред крајот на сезоната, додека нивниот главен конкурент и сега веќе поранешниот шампион Манчестер Сити има 23 бода помалку. Ливерпул својата последната титула ја освои во сезоната 1989/90. кога екипата од клупата ја предводеше Кени Далглиш. Оттогаш, најблиску до првиот трофеј во Премиер лигата, „црвените“ беа минатата сезона кога екипата на Јирген…

Read More