Европската одбојкарска конфедерација, ЦЕВ го објави календарот за квалификациите за Европското првенство 2021. Натпреварите во групата “Ц”, каде се и македонските репрезентативци, се закажани за јануари. Поради пандемијата, наместо шест средби според принципот “секој со секого, дома и на гости”, ќе има два турнира, првиот во Данска од 7-10, а вториот во Македонија од 14-17 јануари.
Во групата се и Турција и Босна и Херцеговина, а пласман на континенталниот шампионат ќе обезбедат првопласираните селекции, како и најдобрите пет второпласирани од седумте квалификациски групи.
Според рејтингот и квалитетот, македонскиот национален тим има реални шанси вторпат да се најде во европската елита. На дебито во Љубљана минатата година, црвено-жолтите остварија две победи на пет натпревари, а со тоа оставија одличен впечаток.