Менаџерот на Челзи, Френк Лампард, по синоќешната победа против Манчестер Сити, изјави дека за него, се уште најдобри се Манчестер Сити.
„Беше многу тешко. Но, така е кога играте против тим со поединци како овој, заради начинот на кој тие тренираат и начинот на кој тие играат, мислам дека се најдобри во Премиер лигата”, изјави Лампард по синоќешниот натпревар.
Тој подоцна ги пофали Јирген Клоп и Пеп Гвардиола.
„Пеп и Клоп се повисока класа, затоа Ливерпул вечерва ја слави титулата“, рече тој.