Според португалскиот весник „ А Бола “, младиот фудбалер на Спортинг Лисабон, Желсон Фернандес го привлече вниманието на некои од најголемите европски клубови. За неговите услуги се заинтересирани Барселона, Јувентус и Арсенал, а весник наведува дека „топчиите“ се најзаинтересирани досега. Имено, тие, наводно, се подготвени да ја платат клаузула за услугите на 17-годишниот крилен играч, која што изнесува 45 милиони евра. Агент на овој млад фудбалер е Киа Јорабчијан, кој има одлични односи со тимот од северот на англиската престолнина. Договорот на младиот фудбалер со Спортинг истекува во 2022 година.
Author: saso
Шкендија денеска и официјално го промовираше своето ново засилување, повремениот репрезентативец на Македонија, Љупче Дориев. Дориев се сели во Тетово од Академија Пандев, каде настапуваше во изминативе сезони. За Дориев имаше интерес и од неколку странски екипи, но тој се реши да ја прифати понудата на Шкендија.
Голманот Никлас Ландин прогласен за најдобар ракометар за 2019 според ИХФ. Тој го зазема првото емсто во изборот на Светската ракометна федерација, пред Сандер Сагосен. Ландин е само четвртиот голман кој е избран за најдобар ракометар на годината. Во конкуренција за признанието годинава беа и Хансен, Лауге и Циндриќ. За најдобра ракометарка беше прогласена Норвежанката Стине Бредал Офтедал. Најдобар тренер во машка конкуренција е Николај Јакобсен, а најдобар тренер кај дамите, Емануел Мајонад, селекторот на Холандија и тренерот на Мец.
По синоќешниот пораз на ВБА на гостувањето кај Хадерсфилд од 2:1, Џани Алиоски и неговиот Лидс Ј. слават промоција во англиската фудбалска елита следната сезона. Лидс Ј. и официјално е првата екипа која од Чемпионшип лигата се сели во англиската елита следната сезона. По пауза од цели 16 години, момците од „Иланд Роуд“ успеаја да дојдат во најквалитетната конкуренција, по извонредната сезона која ја имаа предводени од извонредниот Марсело Биелса. Алиоски ќе стане шестиот Македонец кој ќе настапи во едно од најсилните европски национални првенства, Премиер лигата. Leeds fans celebrating being promoted to the Premier League outside Elland Road tonight.…
Кике Сетиен нема да го напушти кормилото на Барселона по завршувањето на сезоната. По последниот состанок со управата, било донесено решение Сетиен да остане предводник на каталонците, се до дефинитивно решение за тренерското место. Синоќа Сетиен бил на состанок со претседателот Жозеп Мариа Бартомеу, разговарале за неговата иднина, а клучен за неговата иднина на „Камп Ноу“ по се изгледа ќе биде мечот со Наполи во Лигата на шампионите.
Натурализираниот македонски кошаркарски репрезентативец Џордан Теодор не е повеќе кошаркар на Уникс Казан. Тој го напушти тимот откако му истече договорот. Во редовите на Уникс беше само една сезона. Според најавите, Теодор ќе се врати во Турција, а нов тим ќе му биде Бахчешехир.
Светската автомобилистичка федерација ги објави резултатите од новите тестови за коронавирус спроведени во Формула 1. За разлика од двата претходни теста кога немаше инфекции, овој пат два теста биле позитивни. Во периодот од 10 до 16 јули биле тестирани вкупно 4997 лица, возачи и членови на тимовите, а меѓу нив два теста биле позитивни на КОВИД-19. Имињата на заразените, како и тимовите не се објавени.
Андре Ширле, светскиот шампион со Германија од 2014 година објави крај на фудбалската кариера и тоа на 29 години. Ширле со својата одлука ја шокираше јавноста затоа сигурно можеше да игра уште неколку години, иако кариерата му е во драстичен пад последните неколку години. Ширле за селекцијата на Германија одигра 57 меча и постигна 22 гола, а на Мундијалот во Бразил асистираше до Геце за победничкиот погодок. Неодамна тој доби отказ од Борусија Дортмунд, и иако имаше понуди, реши да заврши со фудбалот.
Поради катастрофалната епидемиолошка ситуација во регионот, АБА лигата ќе го одложи стартот на новата сезона. Последните вести велат дека стартот на новата сезона кој е закажан за 19 септември ќе биде пролонгиран за најмалку две недели. Ова ќе биде веројатната одлука на првите луѓе на лигата кои се во постојан контакт со клубовите. Да потсетиме дека во наредната сезона, Македонија би требало да има два претставника во АБА -2 лигата, која исто така како и елитната лига, би можела да биде пролонгирана.
Некогашниот светскиот шампион со Германија од 2014 година, Андре Ширле повторно е слободен агент. Иако неговиот договор со Борусија Дортмунд важеше до летото 2021 година, во договор со челниците на клубот двете страни ја раскинаа соработката. Според италијанските медиуми, новиот италијански прволигаш Беневенто, веќе покажа голем интерес за германскиот офанзивен играч и ќе се обиде да ја искористи оваа ситуација и да го доведе во тимот за следната сезона. Во последните три сезони, 29-годишниот Ширле се бореше да се врати во својата стара форма, а среќата ја испроба на позајмица во Фулам и во Спартак Москва.
