Шкендија денеска и официјално го промовираше своето ново засилување, повремениот репрезентативец на Македонија, Љупче Дориев.
Дориев се сели во Тетово од Академија Пандев, каде настапуваше во изминативе сезони. За Дориев имаше интерес и од неколку странски екипи, но тој се реши да ја прифати понудата на Шкендија.