Светската автомобилистичка федерација ги објави резултатите од новите тестови за коронавирус спроведени во Формула 1. За разлика од двата претходни теста кога немаше инфекции, овој пат два теста биле позитивни.
Во периодот од 10 до 16 јули биле тестирани вкупно 4997 лица, возачи и членови на тимовите, а меѓу нив два теста биле позитивни на КОВИД-19. Имињата на заразените, како и тимовите не се објавени.