Голманот Никлас Ландин прогласен за најдобар ракометар за 2019 според ИХФ. Тој го зазема првото емсто во изборот на Светската ракометна федерација, пред Сандер Сагосен.
Ландин е само четвртиот голман кој е избран за најдобар ракометар на годината. Во конкуренција за признанието годинава беа и Хансен, Лауге и Циндриќ.
За најдобра ракометарка беше прогласена Норвежанката Стине Бредал Офтедал. Најдобар тренер во машка конкуренција е Николај Јакобсен, а најдобар тренер кај дамите, Емануел Мајонад, селекторот на Холандија и тренерот на Мец.