Author: saso

РФМ го доби протоколот од комисијата за заразни болести на министерството за здравство за начинот на кој треба да се организираат тренинзите и натпреварите во услови на пандемија со Ковид-19. Ракометната федерација денеска го објави протоколот, од кој сега клубовите точно ќе знаат што треба да прават за организација на тренинзи и натпревари. Во првата точка од протоколот е посочено дека тренинзите и натпреварите се организираат без публика, ќе биде задолжитено носење на маска за сите освен за ракометарите на терен, а ќе мора да се прави и тестирање најдоцна 72 часа пред почетокот на натпреварувањето, a по потреба и…

Read More

Ако нема кој, раководството на Манчестер Сити покажува интерес за напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Алексис Санчез. Според вестите од Островот, „граѓаните“ би можеле ова лето да го купат 31-годишен Чилеанец. Санчез оваа сезона ја минува на позајмица од Интер, а „нероаѕурите“ немаат намера да го откупат неговиот договор. Информациите велат дека од Сити пред извесен период го контактирале агентот на Санчез за да ги слушнат нивните услови за трансфер.

Read More
NBA

Добри вести од најсилната светска кошаркарска лига стигнаа утринава. По новата серија тестирања кои беа направени, во пресрет на продолжението на сезоната, ниту еден од кошаркарите кои треба да настапат на завршницата во Орландо не е позитивен на коронавирусот. Првиот натпревар во НБА лигата ќе го имаме на крајот на јули  во комплексот „Дизни Ворлд“. Според американските медиуми, ниту еден играч не бил позитивен на последните тестови, поточно, од 13 јули, кога се направени и последните тестови.

Read More

Манчестер Сити е пред договор со дефанзивецот на Бурнмаут, Најтан Аке.  Според англиските медиуми, Аке ќе го напушти клубот за да му се приклучи на составот на Пеп Гвардиола во договор со вредност од 35 милиони фунти. Холандскиот дефанзивец се поврзуваше со Манчестер Јунајтед и неговиот поранешен клуб Челзи, но во моментот фаворит за неговиот потпис е екипата на Манчестер Сити.

Read More

Милан вечерва ќе гостува кај Сасуоло во меч од 35. коло во Серија А, каде со нова победа би можел да се најде и на 6. место на табелата во пресрет на завршните три сезонски кола. Од Италија утрово стигнува вест дека Милан веќе работи на новите засилувања за следната сезона, а едно од оние на врвот на списокот е и младиот фудбалер на Барселона, Емерсон Ројал, кој во моментов е на позајмица во Бетис до 2021 година, но Барса има право да го врати во својот тим доколку плати шест милиони евра. Се чини дека двата клуба се пред…

Read More

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета е убеден дека Пјер-Емерик Обамејанг ќе остане во Арсенал. Тој вчера и јавно го повика клубот да го финализира неговиот договор. Напаѓачот има постигнато пет гола во последните шест натпревари за „топчиите“, вклучувајќи ги двата гола во победата над Манчестер Сити во полуфиналето на ФА Купот. Обамејанг влезе во последната година од неговиот договор вреден 190.000 фунти неделно, и побара нов и подобрен тригодишен договор. Неговата позиција се смени во последните неколку месеци откако најави дека можеби ќе биде подобро да си замине од Арсенал.

Read More

Аргентинскиот тренер Маурицио Покетино споре динформација на италијанскиот печат ќе биде новиот тренер на Јувентус. Наводно, тој ја прифатил понудата на Јувентус да го преземе тимот следната сезона. Тоа практично ќе значи дека Маурицио Сари најверојатно ќе ја заврши својата работа во Торино веднаш по завршувањето на тековната продолжена сезона. Аргентински стратег изрази подготвеност да го води гигантот од Торино и порано, но очигледно ја чекаше вистинската шанса. Последниот тим на Маурицио беше Тотенхем, кој го напушти минатиот ноември.

Read More

Ѕвездата на Јувентус , Кристијано Роналдо, со двата гола во иноќешната победа над Лацио (2:1) стигна до бројката од 51 гол постигнати од кога пристигна во италијанскиот шампионат (тој постигна 21 гол минатата сезона). Португалецот стана првиот фудбалер во историјата кој успеал да постигне над 50 голови во три од петте најсилни европски национални првенства:  Премиерлигата, Ла Лига и Серија А. Во Премиер лигата со Манчестер Јунајтед, Кристијано постигна 84 гола на 196 настапи, додека во Ла Лига постигна 311 гол на 292 натпревари за Реал Мадрид. Роналдо, исто така, стана најбрзиот играч што постигна 50+ голови во Серија А,…

Read More

Фудбалерот на Баерн (М), Роберт Левандовски е најдобриот играч во Бундеслигата во изборот направен од играчите во германското првенство. Роберт Левандовски зад себе имаше уште една одлична сезона. Тој постигна 34 голови во Бундеслигата и со тоа стана најдобар стрелец на лигата по петтипат. Во анкетата на магазинот „Кикер“, во која гласаа 270 фудбалери, Полјакот беше прогласен за најдобар играч во Бундеслигата. Тој доби повеќе од 42 проценти од гласовите. Втор заврши Џејдон Санчо со 14% од гласовите, а Џошуа Кимих го зазеде третото место со 12%.

Read More

Водечките шпански спортски весници „Марка“ и „АС“ објавија дека Унаи Емери потпишал преддоговор со Виљареал уште во март, пред да избие пандемијата на коронавирус, и тој треба да ја води екипата од следната сезона. До крајот на сезоната, Виљареал стигна до петтата позиција и освои место во Лигата на Европа следната сезона. „Не знам каква е мојата иднина во Виљареал, но имам јасна совест затоа што дадов се за да го извлечам најдоброто од овој тим. Клубот треба прво да разговара со мене, јас имам договор и тие треба да ги потврдат или негираат овие наводи“, изјави актуелниот тренер на…

Read More