Милан вечерва ќе гостува кај Сасуоло во меч од 35. коло во Серија А, каде со нова победа би можел да се најде и на 6. место на табелата во пресрет на завршните три сезонски кола.
Од Италија утрово стигнува вест дека Милан веќе работи на новите засилувања за следната сезона, а едно од оние на врвот на списокот е и младиот фудбалер на Барселона, Емерсон Ројал, кој во моментов е на позајмица во Бетис до 2021 година, но Барса има право да го врати во својот тим доколку плати шест милиони евра.
Се чини дека двата клуба се пред постигнување договор, затоа што и двете страни се заинтересирани што поскоро да ја завршат работата. Емерсон играше одлично оваа сезона, има само 21 година и пристигна во Барселона од Бразил за 12 милиони евра.
Неговата сегашна цена е околу 30 милиони евра, така што со продажба, тимот од „Камп Ноу“ би ги покрил трошоците и би заработил нешто плус. Емерсон одигра 34 натпревари во Ла Лига и постигна три гола со шест асистенции.