Аргентинскиот тренер Маурицио Покетино споре динформација на италијанскиот печат ќе биде новиот тренер на Јувентус. Наводно, тој ја прифатил понудата на Јувентус да го преземе тимот следната сезона.
Тоа практично ќе значи дека Маурицио Сари најверојатно ќе ја заврши својата работа во Торино веднаш по завршувањето на тековната продолжена сезона. Аргентински стратег изрази подготвеност да го води гигантот од Торино и порано, но очигледно ја чекаше вистинската шанса.
Последниот тим на Маурицио беше Тотенхем, кој го напушти минатиот ноември.