Фудбалерот на Баерн (М), Роберт Левандовски е најдобриот играч во Бундеслигата во изборот направен од играчите во германското првенство.
Роберт Левандовски зад себе имаше уште една одлична сезона. Тој постигна 34 голови во Бундеслигата и со тоа стана најдобар стрелец на лигата по петтипат.
Во анкетата на магазинот „Кикер“, во која гласаа 270 фудбалери, Полјакот беше прогласен за најдобар играч во Бундеслигата. Тој доби повеќе од 42 проценти од гласовите. Втор заврши Џејдон Санчо со 14% од гласовите, а Џошуа Кимих го зазеде третото место со 12%.