Европската ракометна федерација ја разгледува можноста да се најде спонзор кој би ги платил клупските чартер летови за да може да се одржи следната сезона од Лигата на шампиони. Пандемијата на коронавирусот ја прекина претходната ракометна сезона, и се чини дека таа многу ќе влијае и на следната. Европската ракометна федерација беше принудена да го откаже завршниот турнир во Лигата на шампионите во женска конкуренција, кој претходно беше одложен за септември. Во овој момент неизвесно е и одржувањето на завршниот турнир во машка конкуренција закажан за декември. Границите се отвораат и се затвораат низ целиот свет, во согласност со промените…
Author: saso
Претседателот на Боливиската фудбалска федерација, Сезар Луис Салинас, почина од компликации предизвикани од коронавирусот. Ова го соопшти прес-службата на организацијата. Болеста е дијагностицирана и кај неговата сопруга, но е асимптоматска. На 9 јули 58-годишниот Салинас беше примен во болница со тешка форма на грип. Два дена подоцна, неговиот тест за коронавирус беше позитивен. Потоа, неговата состојба се влоши и тој беше ставен на респираторна машина.
Тренерот на Наполи, Џенаро Гатузо, призна дека е загрижен за наглото зголемување на бројот на случаи на коронавирус во главниот град на Каталонија. Наполитанците ќе треба да играат во реваншот од 1/8 финалето на Лигата на шампионите против Барселона во Шпанија. „Јас не разбрав ниту една од можните мерки на УЕФА, бидејќи ова не е моја работа. Ова е за претседателот и неговиот тим. Се разбира, ние сме загрижени. По коронавирусот имаме сосема поинаков спорт”, изјави Гатузо за „Газета дело Спорт“. УЕФА може да го одложи натпреварот во Барселона доколку се влоши ситуацијата со ширењето на коронавирусот во Каталонија. Средбата…
Белгискиот голман на голот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа, го освои трофејот Замора кој се доделува за најмалку примени голови во сезоната на Шпанското првенство. Куртоа стана еден од клучните играчи на Реал Мадрид оваа сезона, прими само 20 гола на 34 натпревари во лига, што му даде најдобар просек на примени голови, 0,59 по натпревар и сто тоа го стави на првото место на листата пред голманот на Атлетико Мадрид, Јан Облак. Белгискиот голман се приклучува на историскиот список на играчи на Мадрид, кои го освоиле трофејот Замора, предводени од Висенте кој има 3 трофеи.
Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Ерик Баи, е пренесен во болница откако заработи потешка повреда на полуфиналето на ФА Купот синоќа против Челзи. На крајот од првото полувреме, Баи ја удри главата во судир со Мегваер. Засега не е познато за каква точно повреда стануа збор, но лекарите сигурно се сомневаат во потрес на мозокот.
Новиот англиски Премиерлигаш, Лидс Јунајтед ќе му даде значително зголемување на годишната плата на својот менаџер Марсело Биелса за следната сезона. „Лудакот“ го предводеше тимот од „Јоркшир“ до историско враќање во Премиер лигата по 16-годишно отсуство од елитната дивизија на англискиот фудбал. Покрај промоцијата, Лидс успеа да ја освои и титулата во Чемпионшип. Според весникот „Сан“, управата на клубот ќе го награди тренерот со зголемување на неговата плата на 8 милиони фунти годишно. Досега Биелса добиваше по околу 6 милиони фунти. Стратегот ќе потпише нов договор, со кој ќе го продолжи престојот на „Иланд Роуд“ барем до 2022 година.
56-годишниот Најџел Пирсон повеќе не е менаџер на Ватфорд, откако во 36. Коло на гостувањето кај Вест Хем, неговиот тим загуби со 3:1 и остана во црвената зона на табелата. Најџел Пирсон го замени Кике Санчез Флорес во декември 2019 година, но не успеа да го заврши првенството, оставајќи го клубот на две кола пред крајот на сезоната, откако се договорил со управата да си замине. Должностите на главниот тренер во последните два меча ги презема Хајден Мулинс, кој работеше со младинскиот тим на Ватфорд.
Поранешниот капитен и селектор на фудбалската репрезентација на Хрватска, Нико Ковач е нов тренер на Монако. Како што потврдија од клубот, тој потпиша тригодишен договор со опција за продолжување на соработката. Ковач е без работа од ноември минатата година, кога беше заменет на клупата на Баерн Минхен од неговиот поранешен помошник Ханси Флик. Монако ќе биде третиот клуб што ќе го предводи 48-годишниот хрватски стручњак како главен тренер. Тој помина нешто повеќе од две сезони на клупата на Ајнтрахт Франкфурт со кого го освои германскиот куп и заработи ангажман во Баерн. Кај баварците дојде во сезоната 2018/2019 и ја освои…
По вчерашната најава за тотален распад на ФК Вардар, со оглед на големата финансиска криза во клубот, денеска со свој став се јавија и фудбалерите. Тие со соопштение се обратија до јавноста и навивачите на клубот. „Почитувана македонска и спортска јавност. Ова е соопштение од сите фудбалери на ФК Вардар. За жал вчера ја дознавме нашата судбина и судбината на клубот која е разочарувачка и после толку трпение, чекање, непочитувањето спрема фудбалерите, тренерите, целата администрација и вработени во клубот не заслуживме ваков крај. Благодарни сме на нашиот газда што вложуваше толку во клубот, а на крај не разочара сите и…
Наполи е многу близу до финализирањето на трансферот на напаѓачот на Лил, Виктор Осимен, пишува весникот Л’Екип. Зделката треба да се официјализира до крајот на идната недела. Се очекува Наполи да плати околу 60 милиони евра за правата на 21-годишниот Нигериец. Наполитанците веќе се договориле со Осимен за личните услови од договорот кој ќе биде на 5 години.
