Новиот англиски Премиерлигаш, Лидс Јунајтед ќе му даде значително зголемување на годишната плата на својот менаџер Марсело Биелса за следната сезона. „Лудакот“ го предводеше тимот од „Јоркшир“ до историско враќање во Премиер лигата по 16-годишно отсуство од елитната дивизија на англискиот фудбал. Покрај промоцијата, Лидс успеа да ја освои и титулата во Чемпионшип.
Според весникот „Сан“, управата на клубот ќе го награди тренерот со зголемување на неговата плата на 8 милиони фунти годишно. Досега Биелса добиваше по околу 6 милиони фунти. Стратегот ќе потпише нов договор, со кој ќе го продолжи престојот на „Иланд Роуд“ барем до 2022 година.