Наполи е многу близу до финализирањето на трансферот на напаѓачот на Лил, Виктор Осимен, пишува весникот Л’Екип.
Зделката треба да се официјализира до крајот на идната недела. Се очекува Наполи да плати околу 60 милиони евра за правата на 21-годишниот Нигериец.
Наполитанците веќе се договориле со Осимен за личните услови од договорот кој ќе биде на 5 години.