56-годишниот Најџел Пирсон повеќе не е менаџер на Ватфорд, откако во 36. Коло на гостувањето кај Вест Хем, неговиот тим загуби со 3:1 и остана во црвената зона на табелата.
Најџел Пирсон го замени Кике Санчез Флорес во декември 2019 година, но не успеа да го заврши првенството, оставајќи го клубот на две кола пред крајот на сезоната, откако се договорил со управата да си замине.
Должностите на главниот тренер во последните два меча ги презема Хајден Мулинс, кој работеше со младинскиот тим на Ватфорд.