Во недела во Охрид ќе се одржи Вонредно изборно собрание на Кајакарската федерација на Македонија. На ова собрание закажано со почеток од 12 часот се очекува комплетна смена на раководството на федерацијата, велат од организацискиот одбор.
Author: saso
Фудбалерите на Целје се новите шампиони на Словенија, откако во последното коло од првенството не дозволија да загубат од Олимпија играјќи нерешено 2:2. Гостите само со триумф можеа да сметаат на шампионската титула, но не успеаја да слават над одличните домаќини, кои беа вистинско изненадување оваа сезона. Ова беше првата титула за Целје во историјата.
Фудбалерот на Реал Сосиедад, Микел Мерино го продолжи договорот со клубот до 2025 година. Шпанскиот играч од средниот ред (24) пристигна на „Аноета“ пред две сезони и во меѓувреме стана еден од најдобрите играчи на Баскијците. Тој забележа вкупно 74 натпревари и постигна десет гола, што беше доволно за нов, долгорочен договор.
Утре во просториите на РФМ ќе се одржи извлекувањето на групите за новата сезона од домашната Супер лига во машка конкуренција. Следната сезона во најсилното ракоментно натпреварување ќе има 16 екипи, но меѓу нив нема да бидат Вардар и Е. Пелистер, кои ќе ја прескокнат првата фаза од првенството, поради настапите во СЕХА Лигата. Другите 14 екипи ќе бидат поделени седум шешири. Прв шешир: Металург и Охрид Втор шешир: Т. Пролет и Бутел Скопјe, Трет шешир: Радовиш и Е. Пелистер 2 Четврти шешир: Струга и Работнички Петти шешир: Астраион и ГРК Тиквеш Шести шешир: КЛ7 и Прилеп Седми шешир: Јуниор…
Ливерпул синоќа го доби заслужениот пехар за освоената титула во Премиерлигата за оваа сезона. По цели три децении „црвените“ го донесоа шампионскиот трофеј на „Енфилд“, каде се прославуваше веднаш по средбата со Челзи. THE REDS 🤩🏆#LFCchampions pic.twitter.com/SUI9VEPUaS — Liverpool FC (Premier League Champions 🏆) (@LFC) July 23, 2020
Тотенхем е подготвен да понуди 50 милиони евра за фудбалерот на Рома, Николо Заниоло. Според изворот, за играчот е лично заинтересиран Жозе Мурињо. Сепак, 50-те милиони евра што Спарс се подготвени да ги понудат не одговараат на барањата на Рома. Италијанскиот клуб планира да добие 60-70 милиони евра од продажбата на младиот фудбалер. Во тековната сезона на Серија А, 21-годишниот играч од средниот ред одигра 22 натпревари за Рома, постигна пет гола и направи една асистенција.
Александар Јовиќ и официјално е нов тренер на Е.Пелистер 2, тој доаѓа на местото на Александар Зарков и Михајло Силјанов. Во новата сезона, Јовиќ на располагање ќе има млади ракометари, целта е стекнуваше на што поголемо искуство. Новиот стратег на битолчани долго време беше дел од тимот на Металург, соработуваше со Лино Червар, но и беше прв тренер. View this post on Instagram Еурофарм Пелистер 2 почнува нова ера, Јовиќ претставен за нов тренер! A post shared by RK Eurofarm Pelister (@rkeurofarmpelister) on Jul 22, 2020 at 5:02am PDT
Претседателот на Организацискиот комитет на Олимписките игри во Токио, Јоширо Мори денеска изјави дека Игрите нема да се одржат следната година доколку не се промени ситуацијата со пандемијата на коронавирусот. Мори за јапонската NHK телевизија рече дека се надева оти ситуацијата ќе се подобри и навести дека клучна работа ќе биде вакцината. На прашањето дали ако оваа состојба со вирусот не се промени, дали е можно Игрите да се одржат, Мори одговори: „Ако ситуацијата остане вака, не е можно“. Олимписките игри во Токио требаше да започнат на 24 јули, но истите беа одложени за следното лето и ќе започнат на…
По две сезони минати во Хуеска и Мелила и една во француски Евре, македонскиот кошаркарски репрезентативец Стојан Ѓуроски се враќа во Шпанија. Екипата на Аликанте, која настапува во втората шпанска кошаркарска лига, денеска го потврди договорот со македонскиот интернационалец. Аликанте и Ѓуроски постигнале договор, по што нашиот репрезентативец ќе стане четвртото ново засилување за клубот. 🚨 @Sto_Gj11, cuarto fichaje del #HLAAlicante 💥 Carácter, competitividad y talento para el conjunto de Pedro Rivero https://t.co/fnFsxcAgVM ¡Bienvenido, Stojan! добредојде#SomosLucentum pic.twitter.com/HGogtYyjkc — HLA Alicante (@FundLucentum) July 22, 2020
Михаило Шејкероски – Шани е ново име во стручниот штаб на ФК Работнички. Младиот и докажан стручњак, кој има богато меѓународно искуство ќе биде задолжен за физичката подготвеност на фудбалерите на Работнички и е засилување во стручниот штаб на Ратко Достаниќ. Во Македонија има работено во Металург и во Академија Пандев, а последните неколку години работеше во бугарски прволигашки клубови, Ботев Пловдив, Локомотив Пловдив, Септември Софија.
